Добредојдовте сите нови феминки. HAVE FUN пред се. А ние сме секако тука за по некој совет, ново другарство
Здраво, конечно налетав на женски форум кајшто ќе си ја празнам душата и ќе си кажам што мислам, без потоа да ме оговараат пола комшивки и да фаќаат сеир.
Пази тука повеќе комшивки има неголи по маало мала шала Добродојде и уживај во топлиот пријатен незаборавен престој на Фемина
Поздрааааааааааав,денес луд ден нешто,или така ми се чини,како и да е голем поздрав и од мене,новите нека се чустуваат како дома,чаооооос
Здраво на сите! Нова сум на форумов, иако долго време го читам да не речам од кога постои, но ете сега си реков да се зачленам. Пред се пофалба за форумот навистина добри содржини кадешто секој може да се пронајде. Па ајде јас како гостин да ве почастам со колачиња ( како што се носеле кога ќе отидеш кај некого првпат на гости) а од вас да очекувам едно сокче за добредојде Поздрав до сите на форумот и се надевам дека ќе се дружиме.
здраво на сите јас сум нов цлен на форумов и се надевам дека ке имаме добра и искрена дружба поззздрав до сите
Здраво Јас сум од Охрид се зачленив пролета ама сега последниве денови поактивно ве следам !Незнаев дека имате ваква тема побрзо да се претставам !
Zdravo jas sum Marija od Bitola(edno selo blizu Bitola) I samo sto se zacleniv imam 15 godini..se nadevam dobro ke se zabavuvame..i ke si delime soveti sekako