Поздрав! Тазе член, уште не го ни доразгледав форумов, па единствено правилно ми се чинеше тука да искоментирам за првпат.
Второ или трето мислење ми е, ама ајде, адетот ако е таков. Поздрав на сите, се надевам на квалитетни постови и забава!
Здраво на сите Нова сум на форумов Досега читав само мислења но денес конечно решив да се зачленам. Имам 14 години. Се надевам дека добро ќе се дружиме. Позз
Сега здогледав дека имало и ваква запознавачка тема Ух, што да кажам, имам трема како и при секој почеток. Се надевам дека убаво ќе се дружиме, ќе се караме и сакаме и ќе поминуваме пријатно време заедно
Здраво девојки , јас сум прилично нова на форумот. Не би сакала да откривам многу детали за мене. Малку сум осамена а ми треба разговор само ја немам правата личност за тоа. Гледам има многу теми на форумот, и веќе најдов одговори на некои прашања што ме мачеа. Инаку доста сум млада и мажена сум, сеуште немаме деца, ако даде Бог ќе имаме за некое време. Би се опишала како авантурист во душата
Здраво и од мене девојки..Исто како и вас и јас како нов член сметам дека најпрво треба во оваа тема да се обратам (нели како што се вели подобро да се запознаеме).Инаку се викам Александра и имам 17 години Себеси се сметам како личност која е позитивна и сакам да се дружам и да ширам познанства..Се надевам можиме да се дружиме
Здраво на сите!!!!Многу ми е мило,а воедно и големо задоволство што конечно станав дел од големото среќно семејство Фемина Долго време ве читав,но никако да се решам да се зачленам.Се надевам дека ќе имаме убава дружба.Се најубаво и имајте убав ден
Здраво на ситее ! од кога ја читам странава и никако да се зачленам и после се зачленив и си го заборајв пасвордо... дури сега си го ресетирав и да речам станав членка на фемина поздрав до сите феминки!!
Ах, знаеш no name, штета е што дојдоа времиња кога на никој неможеш да му веруваш и што кога ќе се омажиш сите те напуштаат... Кога си сам иницијатор за средби и муабети работата оди некако ама кога ќе седнеш и ќе почекаш да ти се јави некој да те праша како си барем.... е тогаш нема никој ...
Здраво јас сум од Скопје, се зачленив вчера, затоа што случајно бев на сајтот а ме интересираа теми за бременост, бремена сум 8 недели, за прво дете, имам 34 години, и сум една од тие што сакаа само кариера, но погледнав во часовникот и видов дека е време за дете.