Гледам од Јуни си ни зачленета, тогаш си ги прочитала правилата и знаеш дека треба да се пишува кирилица. Добредојде, се надевам ќе се забавуваш.
Здраво девојки .. не сум нова на сајтов .. редовно ве следам и слично ... имам некои проблеми штоо морам да ги искажам на некој кој знае да чува тајни .. другарките мои се на мои години а мене ми треба размислување од повозрасни .. Таа што мисли дека би можела да ме ислуша и да ми даде повоздрасни совети и мислења нека ми пише во пошта ... да си размениме фб и слично .. навистина ми е потребен некој ... :/
Добредојде Јас мислам дека твоите проблеми треба да ги пишеш тука(во темите),а преку лични пораки,за да можеш да добиеш повеќе совети и различни размислувања,па потоа сама да размислиш како треба да постапиш.
Здраво девојки! Се зачленив пред некоја минута,ама форумов го следам скоро 2 год и е прекрасен.Се надевам на добра дружба.Ако ви треба некој совет или сл слободно пишете ми лп,колку можам ке помогнам! Имајте убав ден!
zdravo na site jas sum nov clen od pred nekoja minuta,mojata osamenost sakam da ja ispolnam tuka so vas.ne sum mnogu zapoznaena so pravilata na forumot i se nadevam deka nema da mi zamerite...golem pozdrav do site [mod-kirilica:35z7hxoc][/mod-kirilica:35z7hxoc]
Пред да продолжиш со дружбата прво прочитај ги правилата на форумот. Не ти беше чудно у последниве мислења само твоето е на латиница. За почеток овде се пишува на кирилица. За сите други правила ќе си прочиташ. Ти посакувам добредојде
Јас сум регистрирана во април ама ретко го користев профилот,сега нон стоп сум по форумов. пред тоа тој период бев премногу зафатена,сега сум по слободна. се викам Ина,родена во Велес,13 год. не ми замерувајте бидејки сум 13 год. Гледам дека повеќето имате ќерки/синови, а некои штотуку ќе имат па нека ви е со среќа на сите...
Здраво јас сум нова до сега не го знаев форумов денес случајно го најдов бараајки некои совети за биопсија и слично и налетав на вас и многу ми се допаднавте од денес ке бидам тука . Поздрав до сите и секое добро.
Здраво, се викам Виолета, инаку 30 години. Имам 3 месечно бебе и маж кои премногу ги сакам. Обожавател на парфеми ......... Вчера се придружив на форумов, навистина е прекрасен и има прекраси теми
Старо нова сум на форумов,не кажувам која бев порано Ама ќе ме познаете по бисерите мои Велкм бек ту ми
Здраво и од мене ... не сум нова, ама не бев толку активна. Сега здравје планирам да бидам поактивна... се зачленив затоа што сте ми ептен супер и секогаш имате супер совети, кои понекогаш за жал не ги добиваме или не сме во можност да ги добиеме од нашите најблиски. Инаку јас имам 25години и сум од Куманово Поздравче до сите и се надевам ќе си се дружиме убаво