Здраво девојки, го читав форумов веќе некое време поради интересните совети најмногу во категоријата на мода и убавина кои доста ми помогнаа па веќе навика ми стана ако сакам да купам некој производ или имам некој проблем да побарам на Фемина (what can I say my best friend is a website ) па решив и јас да се зачленам конкретно поради растењето на коса ,но видов има разни интересни теми и дискусии за кои би ми било задоволство да бидам дел од нив и да го искажам моето мислење. Нешто за мене, хмм... Обожувам музика и уметност па кога ги открив темите за наши фотографии, цртежи, поезија и проза ги демнам сега и нив :geek: од форумов би сакала да запознаам разни луѓе со кои би имала интересни разговори и дискусии и исто се надевам во право сте за советите за растење коса бидејќи последна надеж тоа ми е Еве толку од мене, ви посакувам на сите прекрасен ден, бакнеж до сите
Здраво и добредојде Play! Се надевам на многу дружба и на корисни совети кои ќе можеш да ги најдеш на форумов.
Здраво на сите и јас се зачленив пред некој ден одамна ве читам па решив и јас да се зачленам се надевам на големо дружење
Здраво! Некое време го следам форумов и решив и јас да ви се придружам. Не сакав да го кажувам моето име,затоа го ставив името Мери коешто многу ми се допага,на форумов сум Мери. Се надевам на добра дружба.
Здраво, ве читам веќе подолго време но дури сега одлучив да се зачленам. Имам 27 години, мажена сум и имам ќеркичка која има 9 месеци. Можеби највеќе ќе бидам активна на подфорумот бебе, брак, фитнес и литература. Се надевам дека ќе се дружиме.
Добро утро. Со првиот школски час, на форумот притигнав без глас. Пошто интернетот што поголем станува, толку помалку простор за изразување има, се зачленувам во најголемата банда, Форум Фемина, за да станам славен и богат. И... момче сум, па имајте милост.
Здраво на сите и од мене...После долго читање по форумов решив и јас да се зачленам за да се дружиме и помагаме!Имајте пријатна вечер
Здраво феминки ве читам околу 2 години редовно секој ден но денес ете одлучив и јас да се зачленам доста беше само читање
Здраво јас сум нова на форумот, но веќе подолго време ве следам и навистина ми се допаѓа фемина форумот. Се надевам дека ќе се дружиме...