Ако сакаш, можеш и поголеми буквите да ги направиш. Имаш горе во опциите. Шала на страна, добро ни дојде.
Конечно и јас успеав да се регистрирам после многу неуспешни обиди... Не знам која е причината поради која не ми стигнуваше порака на e-mailот за потврда на регистрацијата, но нема врска, битно тука сум сега Веќе долго време сум на форумов, постојано ги читам темите и се каам што не сум направила акаунт пред 2-3 год. Еве ова ми е првата вечер тука на форумов како KatFem и неможам никако да престанам да копам по темите и да штракам на тастатурава, така да.... честито Femina - доби нов зависник Темите поврзани со aliexpress беа дефинитивно оној одлучувачки фактор што ме натера со месеци да се обидувам да се регистрирам... Веќе долго време ги читам тие теми и гледам дека има огромни скептици кои се плашат да порачаат од таму или пак не знаат што. Решив да се зачленам за да ги споделам со вас некои од производите кои ми имаат успешно стигнато, да ви дадам совет и да споделам слики од вистинските производи (она што го има на форумов, но недоволно). Значи да се запознаеме... Јас сум KatFem, еден од поновите зависници од форумот на Femina, се надевам ќе се дружиме
Добредојде ем мила ем мала. Уште едно рипче во морето. Пази се од ајкули како мене и останатите. Се зезам. Пријатен престој на форумот.
Јас машко сум Многу ми е супер овој форум, искрено се што ми требало тука сум наоѓал. И се зачленив пред некое време, ама не бев активен ич. Од денеска, т.е. од овој момент решавам да се дружам со вас. Се надевам нема да ви сметам и за мене нема да важи тоа мислење дека сум некој кретен кој само чита и пишува на одредени теми. Не сум таков, ама ако, ќе дозволам да ме запознаетЕ
Здраво, Да ве поздравам сите, мене ми е прв пат да учествувам на Македонски форум иако сум учесник и админ на многу големи странски форуми како што гледам има интересни теми, и перспективи за муабет но фали активност на корисници сепак, ве поздравувам и ви посакувам све најдобро