Поздрав. Нов член сум, имам 26 години. Тука сум за интересни дискусии и забава. Се надевам на добра дружба.
Како за прв ден налетав на океј луѓе независно од полот. Па ќе видиме Имајќи во предвид дека другите форуми ни умираат во Македонија. Тука ќе ви досадувам
Добредојде друже Во последно време поретки се најнови машки членови што се на место и освежување на форумов, а од тоа што те приметив од прееска баш ми личиш на таков
малце поодамна зачленет а неодамна поактивно учество...дефинитивно има што да се види прочита коментира на форумов....интересен е ...а и дружбата со веќе дел од членовите кои ги запознавам е одлична се надевам ќе имаме уште многу коментари позитивни и добри дружби позз
Нема тема 'да се поздравиме', па затоа овде ке пишам.. ми беше мило, запознав прекрасни личности.. сега ги/ве напуштам. Поздрав
Олесни си на душичката. hugs П.С дечки очекував добредојде но ова „саглам машко“ ми дојде премногу, фала ви многу, ве сакам!
Член од денес а веќе има 60 пораки, башка тие што не се бројат во Кафе муабети...Може 100 мислења напиша во рок од 3-4 саати...Дали на форумов ќе не забавува новата Incule?
Incule ја нема таа кондиција како мене. Како на кајгана така и на фемина, па и црнобело и идивиди. Стар форумџија сум јас. Од 2005 П.С да не го споменувам повеќе непостоечкиот virtual Macedonia форум. Тоа беа времиња кога во инбокс немаше дај ми линк од фејсбук, директно адреса даваш и примаш гости од цела Македонија
Се е во ред, но не е лошо да се одмориш малку. 100 пораки во текот на денот да пишеш, секоја чест Ама може да почнеш на нерви да одиш, па некои ќе кренат востание. Има ден и утре