Јас подолго време не бев активна на форумов или пак само читав статии, но еве решив деновиве нешто и да напишам. Здраво на сите!
Здраво луѓенца, конечно се решив и јас да шкртнам нешто, форумов го читкав доолго време наназад па го немав ѕирнато долго време, малку ми е чудно зошто се сеќавам дека порано машки членови беа а no-no или ептен беа ретки, a сега е навала на темава ама ако, нече да шкоди. Никогаш не се нафатив да јас имам профил и да шкрткам, сега се надевам на убава дружба
Јас сум студентка, имам 21 година. Рак во хороскоп! Сега ја забележав темата, па да напишам и јас нешто. Порано често читав совети и се што ме интересирало на Фемина и одлучив пред 8 месеци да се зачленам и јас. Сега веќе не ми поминува ден барем еднаш да не се најавам. Прекрасно ми е со вас, секогаш си наоѓам занимација тука, интересни работи за читкање. Со фемина никогаш не си сам/а, секогаш имаш пријатели кои се тука и кога имаш проблем и кога ти е тешко, и кога сакаш да споделиш среќа. Ве сакамм !!
Е ај и јас да се претставам како што е редот.И јас сум студентка,имам 22 год и живеам во Атина.Форумов го следев од многу одамна ама никогаш не верував дека ќе ми стане толку интересно и секојдневие воедно нема ден кога нема да ми текне да се уклучам!
Како што е редот, за мое добредојде и новороденче на фемина сакам да Ви посакам убав ден на ситеееее. Подолго време Ве следам, па одлучив и јас да станам дел од Вас. Имам 19 години, новопечена студентка на Факултетот за безбедност, живеам во Скопје и се надевам на долгогодишна и супер дружба! Ве гушкам
Здраво на сите! Веќе некое време ве следам на форумов, имам прочитано многу теми и мислења, од кои дел навистина ми помогнаа. Но тоа не беше доволно и одлучив да се зачленам. Се надевам дека ќе се дружиме, ќе си помагаме и ќе споделуваме искуства. Ве сакам сите
Веќе подолго време го следам форумов, навистина е прекрасен, со многу позитивна енергија, и пред се' добри дискусии, па од вечерва со задоволство и јас станав дел од него. Поздрав до сите членови
Здраво на сите долго време гo следам сајтот ете конечно и ја се зачленив па се надевам ке поминеме убаво