Bravo do sega mi pisaa 3 devojki mi sebdopaga ..inaku sum od skopje k.voda sam...rabotam toa...dobar nacin na femina za zapoznavanje...
Мене сеуште ниту една не ми пишала ,а се двоумев дали е домене или до форумов ,фала друже очи ми отвори
Нека ми биде овде првиот пост, а со тоа и да ве поздравам сите кои членувате на форумот(посебно дамите).Повеќе години одвреме-навреме сум го следел и читал форумот, па се надевам на убава дружба,комуникација па може некогаш и запознавање ( се у свое време ).
Ти благодарам за најголемиот лајк..стварно не знаев кој ник и аватар да ставам па на тоа ми текна чиста случајност. Поздрав, убав ден.
Здраво девојки♀️ Го следам форумот веќе подолг период и ми стана навика да седам и да "губам" време читајќи. Најмногу сум достапна во категоријата мода и убавина што тоа ме интересира и повеќе од се. Навика ми стана да барам и да истражувам совети за некои одредени мои "проблеми".☺ Има и премногу други теми и дискусии од кои би ми било задоволство да станам дел од нив. п.с Се надевам на искрена дружба заедно со сите вас
Добредојдовте нови членови на овој форум . Јас сум стара , од 15 години го имам профилов . Ова е еден од подобрите македонски форуми , има за што да се дискутира за секоја возраст . Се надевам на добра дружба и квалитетна дискусија и со вас , кои сега се зачленувате , како и со редовните членови на овој форум . Поздрав и имајте убав ден
Здраво еве и јас се впишувам во листата на членови. Се надевам ќе имаме убава дружба и размена на мислења Ако некогаш ви се прави муабет слободно лп Девоки и по некое момче бидете ми поздравени
Здраво девојки. Ве читам веќе некое време. Сте знаеле да ми бидете доста од помош кога ми требало "решение" на некој проблем или некаква информација. Понекогаш сум знаел и да се зачитам во некоја тема каде се кршат копјата и се споредуваат ставовите. До сега бев најповеќе инкогнито, но кога имам веќе профил, може некогаш и ќе се впуштам во некоја дискусија, па ќе се читаме почесто.
Здраво на сите! Однапред се извинувам за тоа дека не можам да пишувам правилно,ама го учам македонскиот jазик од еден месец Го наjдов форумот исто така пред еден месец додека си барав во интернет нешто за читанье на македонски па наjдов тука една тема со поезиjа и многу ми се допадна! Премногу jа сакав Македониjа поради Тоше <3 а во Ноември бев за прв пат во Скопиje и Крушево и едноставно се зальубив во се! Луге,храни,музика...навистина се! Од тогаш се амбицирав да го научам jазикот и немам трпеливост да се вратам повторно! А дотогаш се надевам тука да си наjдам луге со кои да си го вежбам jазикот. ( :
и јас да се пријавам постар член сум повеке читам и лајкувам отколку што коментирам , ми се допаѓа има се што е потребно и секоја информација
Здраво на сите! Долго време го следам форумов (ептен добар стаж имам направено во тој поглед), па конечно најдов време и простор и јас да се зачленам. Се надевам дека добро ќе се дружиме и нема многу да се караме Добро ве најдов