Јас сум личност што многу сака животни.Чувствителна,отворена за нови нешта,искрена,директна,верна.Исто така имам талент за пишување поезијаМило ми е што сум дел од овој форум
Добредојдовте нови членови на Фемина форумот. Се надевам дека ќе има квалитетни мислења , интересни дискусии и добра дружба . Имајте убав ден
Здраво на сите.Член сум на фемина десет месеци но досега не сум запознал ниту еден член од форумов па се понадевав дека тоа може да се смени овојпат.Кој има желба да разговара на разни теми во лични пораки а видел некои од моите пораки и мисли дека можеби делиме слични или исти ставови може да ми пише или да ми допушти јас да му пишам.
Здраво на сите што сте тазе нови, јас не сум нова ама не сум ни стара.. Значи користам фемина , но сега веќе 2 месеца не користев па си реков ајде да видам што има и така досадно е времево малку топло , па да ви кажам отворени се вратите кај мене за запознавање, што и да сакате, за совет, за муабет тука сум јас од Охрид сум и 18 години имам .
И јас ви се придружив од неодамна како член, иако како гостин ве читам веќе долго. Отсекогаш само ги читав форумите, па мислев дека е крајно време да се приклучам во толпата, да ги споделам и моите видици. Патем имам 24 години, за себе можам да кажам само дека ја сакам уметноста, цртам, пишувам, сликам, тоа е мојот начин на изразување. Се надевам на пријатна дружба.
Hola! Кафе манијак, обожавател на вино. Интроверт. Сонувач. Љубител на убави нешта, на моменти голем хедонист. aaand that's a wrap.
Здраво и од мене! После многу долго време читање на форумов, одлучив и јас да се зачленам. 22 годишна девојка, од Скопје
Здраво Седев и претходно на фемина, ве читав ама не бев зачленета Комуникативна, дружељубива, секогаш позитивна, секогаш расположена за нови познанства
Хм, не сум нов на форумот, но сум стар (сликата кажува се). Повремено се појавувам на форумот кога можам (а кога не можам тоа е поради обврски). Инаку хоби електроника, компјутери, бициклизам... Сакам да помогнам (ако можам се разбира) со совет до помладите.
Тука сум јас, и стар и нов лик. Ме има повремено, со паузи на форумов. Кај да е, ќе ме снема... ќе бидам busy. Ме знаете де, overthinker, од скоро сакам мачиња, емотивец, фарбана црвенокоса, докторица ту би со наочари. Мор лајк клошар. Не љубам наочари, се одвикнав од гледање преку рамки, претпочитам леќи. Љубител на стара, ју, рок музика. Може накси радио. Пасија ми се шминки, можам да имам 50 нијанси на кафеави тонови и сите да се различни. Food lover, mojito lover. Сакам плажа и витамин Д, не го добивам тоа често. Бидејќи уживам во благо и мрсна и пржена храна, нема рамен стомак за мене. Најс ту мит ју ту. Иначе сум добра, само немој да ми ја прегазиш границата на толеранција. И гњавам луѓе.
Ам то соновникот на Фемина го вртам со години(нешто погодува)па реков вчера ај едно членство да мавнам....Млад бев некогаш,не сум ниту за во пензија значи зрел ко праз у зима..хаххахахах.....Инаку мразам социјални мрежи(ам то е сега) зошто те убиваат у поим и те затупуваат,така да губиш контакт со реалноста и отупуваш за сите пари.А бе тет а тет,око у око што се вели.......Па кафе па пифцееее,мезалаци,музикаааа,тука е убавината.....Ај здраво на сите
Здраво на сите, Кијану Ривс на прием темите се одлични, она што го нема на други форуми го има тука - поголем број теми. Убав ден односно викенд на сите