Здраво Pisoi23 и GDE DA IDEM. Ви се поклонувам два пати и Ве поздравувам со желби за убаво запознавање, дружење и пријатен престој.
Ве поздравувам еве вонредно IM.TMKQ и длабоко Ви се поклонувам и посакувам пријатно продолжување на дружењето.
Здраво, јас се зачленив денес. Јас сум Софија од Руссија од Москва. Имам дечко од Македонија. Моментално учам македонскиј. Се надевам на добра дружба и нови пријателства.
Ве поздравувам Софија, Ви се поклонувам русинке и Ви посакувам пријатно дружење и убави пријателства.
Здраво Софија, добредојде.Кога пишуваш македонски не ставај две С во зборови,како во зборот Русија,и ј на крај од зборот како што ти е во македонски,и со лесно учење на македонски јазик .
Здраво дечки, како сте? Јас сум ви нов член на форумов. За форумот Фемина дознав од една блиска другарка, која е исто така член на овој форум. Се надевам на добра дружба.
Нема да се јави оти зборувавме дека јас ќе ги поздравувам само женските, а некоја ако сака да ги поздравува машките.
Здраво јас сум Роуз, такозвана втори профил на Турист каде не те пречекувам со "ви се поклонувам". Имај пријатен престој и многу живци во натамошните дискусии.
Ме насмеавте Хај, јас сум Ф, средни дваесетти, сосема доволно за дедовцине на продавница да ми се обраќат со госпоѓо што ме вади од такт, и сум од тука негде, западно
Повелете edna_malecka Ве поздравувам и длабоко Ви се поклонувам Fluffy^-^ иако сега пишавте да се запознаеме. Уживате и продолжете да уживате и да контактирате на форумов.
Епа ај здраво Уствари не знам дали да се декларирам како нов член со оглед на тоа што го следам форумов уште од 2017-18 можеби, без да се најавам Во секој случај се надевам на добра дружба