Здраво на сите Во последно време се некој ми го фали форумов,па реков да видам што има толку убаво во него . Поздрав друштво . Се надевам на убава дружба
@Whitedevil Добредојде. Чувствувај се како дома, но со пристојно однесување. Напомена: Доколку не ги почитуваш правилата ќе следат дисциплински мерки. Уживај
Но @edna_malecka ти напомена со пристојно однесување, да не се задираш со другарчината, лист од средина да даваш, гриз од сендвич, од хамбургер компирче, од блок за ликовно лист, домашна да ни даваш да препишуваме и за писмени да седиш пред нас на клупа
Па јас порано од време на време да, сега више јок. Може да вика на европско сега во кафич да гледаме фудбал да се покаже како новајлика @Whitedevil ке навиваме?
Истото ќе го пишев,поминато време и кај мене на тоа . А за навивање...а што не пратам фудбал ? Ама ај ...за добро друштво ,ќе направам исклучок
Ке ти ги кажам правилата, има топка и мора да влезе кај непријателот и коа ке влезе викаме на глас како да сме добиле принова ГОООЛ и се гушкаме радосни во тој еуфоричен занес и после они на нас гол па уште еден и ние ке си кутиме и онака усрамено ке си одиме и ке речеме ПА ЗНАЕВМЕ ДЕКА СЕ ПОДОБРИ БИТНО УБАВО СИ ПРОЈДОВМЕ ЕТЕ И СЕ ЗАПОЗНАВМЕ и со наведнати глави си идеме
Ама јас ги знам де правилата,порасната сум по стадиони,албуми ,сликички,се тоа по ред ....татко ми ме носеше секогаш со него .Ама сега веќе некако не ми е интересно . Ама шо викаш ,може појше до друштвото е И гушкањето де ,иако е забрането сега
Добредојде @Whitedevil и добро не најде. интересно ќе Ви биде со нас и на нас со ананас. Јас сакам само да се читам во Вас, а не без Вас.
Здраво на сите. Да се запознаеме. Јас имав профил многу одамна но искрена да бидам ништо не пишував. Сакав да се најавам, не успеав, правев нов профил, сум пишала мејл по грешка и никако не ми стигаше пораката за активација, а јас се мислев што е работата, потоа видов сум згрешила буква. Ја ресетирав лозинката и се најавив на стариот профил, ама не ја запамтив. Нешто избрав стронг пасворд од телефон да ми даде и ја утнав работата. Како и да е. Нов профил, старо место. Се надевам ќе имаме дружба. Не членувам на други форуми, но многу често ми требаат одговори на различни прашања па тука скоро секогаш наоѓам, но многу време ми одзема да читам куп страници, па решив да се вклучам и лично да поставам прашање за некои работи. Поздрав женски, а и машки гледам машала имаме.
Добродојдовте и доброненајдовте @DarkStormm и Ви посакуваме пријатен престој и убаво дружење со нас и на нас со Вас.