Здраво на сите, Одамна го следев и читав форумов, но немав профил создадено, се надевам на добра дружба и здрави дискусии. Убава вечер на сите
Здраво на сите, Ве читам подолго време но сега се осмелив да креирам профил и веќе пишав мислење во неколку теми Пред многу години бев активна на еден форум (се викаше Бадијала), но сега имам скроз изгубено осет за ваков тип на конверзација Во секој случај корисно е и добро што што постојат вакви платформи каде можеш да размениш искуство со луѓе (се е достапно како информација на нет ама искуствата се бесценети). Поздрав
здраво @Frida- добро ни дојдовте и добро не најдовте. Ви посакуваме пријатно време на форумот кога доаѓате и убаво дружење со нас и на нас со Вас.
Здраво на сите, И јас сум една од поновите на форумов.Секогаш кога барав искуства од други луѓе отварав Фемина форум да разгледам но немав свој профил до сега.Поттикната да споделам и јас мои лични искуства кои верувам на многумина ќе им бидат од корист го креирав мојот фемина профил.Како што пишала и членката погоре дефинитивно искуствата се најрелеванти и најмногу значат,посебно во ова дигитално време кога се е искомерцијализирано и платено да се рекламира. Поздрав до сите и убави празници
Здраво @Mari7 и добро ни дојдовте. Се надеваме на убава дружба со Вас исто и на Вас со нас. Повелете и кафе или какао и благо за добредојде.
Ако, ќе те дружиме. Боље С.А.Д. него никад. Од кој град си? Која возраст си? Што си во хороскоп? Дали си запознала некој од форумов во живо?
Како го потенцираше С.А.Д како да знаеш дека живеам во Америка хахаха 28, Овен .. Сакам мислење за овните ако имаш хаха За жал не сум.. Ти сигурно си кажал некаде веќе на форумов ама еве и јас да знам сакам, што си ти во хороскоп, колку години имаш и што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш? хахахах
Јас знам уште пред ти да знаеш дека знам за тебе. Иначе во хороскоп не откривам што сум, а и не сум кажал на форумов, зошто одма ќе ми се залепат други кандидатки за запознавање, а интересен знак сум. За години машко не се прашува... Кога ќе пораснам сакам да сум космонаут и да ја видам вселената.
хахахаха леле колку ти си бил не фер Стрелец или Скорпија сигурноо Тоа беше за жена ама ај Да претпоставам над 30 помалку од 45
Здраво на сите ,нова сум на форумов, влегов во форумов највеќе за филм и серија, Поздрав до сите форумџии,се гледаме