Веќе еднаш пишав тука али денес сум спремна да дрдорам цел саат ... Иако сум доста изнервирана нема да дозволам да ме зафати целсно нерасположение .. Па вака -- Се викам Buttterfly ( со три - t - зошто инаку правилно беше зафатено ) .. Инаку тоа не ми е правото име - што може да се заклучи веднаш Се викам . . . . . . . . И имам 13 години .. Знам знам - сега некој ќе си помисли '' види ја малава фрцка дошла тука,уште животот не го видела тука ќе се прави многу паметна '' Али добро .. Кој како сфаќа .. Нема да кажувам омилени бендови,бои и све остало - само некои мои размислувања за одредени работи Да почнеме со '' глобалното пореметување '' - Facebook Немој сега некој да си помисли дека се правам тука нешто - која сум јас да вреѓам воопшто - но едноставно кога веќе зе '' запознаваме '' да зборувам искрено Прво во пријателства на фемина или било кој друг сајт ПОВЕЌЕ не верувам баш заради Mr.Facebook - фино лепо јас две години на една македонска страна и трт одеднаш facebook популарен .. ај да си направиме профил таму овде веќе е глупо ... ( Еј се запознавме тука не планирам на таа страна да го продолжувам пријателството кое го имаме и го почитуваме,таа страна е многу многу поразлична од она на која јас ти,тие се здруживме ) Баш пред некој ден ми пиша една другарка од таму и ми вели '' Ги имам сите во пријатели,ама воопшто не контактираме '' Е да престанам на оваа тема додека не се разлигавам и патетично да се расплачам А да да зборувам за другарките .. Најдобра другарка - здравје ако некогаш најдам .. Се трудам да не верувам во тоа Еднаш гадно ме разочараа а сега се повтроува истата ситуација И за оваа тема ќе заради истите гореневедени причини Следува нешто за мене лично .. Се трудам да не лажам и да се правам нешто што не сум па уште од сега да кажам дека сум тапа по тоа ЛИТЕРАТУРНОТО ИЗРАЗУВАЊЕ . .. Пишувам на литературен мак.јазик а верувајте не би сакале да ме чуете како зборувам Најубаво ми е кога си цепам на мој дијалект али добро,и понатаму ќе пишувам на литературно Во природа не сум ваква како сега .. Ме знаат како смирена и се тоа,ал пошто овде никој не ме знае можам да зборувам без да се чувствувам загушливо Инаку ич не сакам да се мешам во туѓи животи и баш ме уво заболе кој со кого иде или кој со кого се бакнувал .. Ма ај марш Инаку кога сум веќе кај бакнуваме и дечковци незнам дали има потреба да коментирам на таа тема .. Изреволтирана сум од она што го гледам - ( иако спомнав дека не се мешам во туѓи животи - ова го давам како пример ) - во школо едни девојчиња ( читај - шмизли и дигнати госпожи ) машките толку подло ги навредуваат и кажваат некои гадости што за деца од 13/14 години не е здраво а тие слатко се смешкаат ??? Еј те навредува!!! Ух претерав веќе знам .. Да спомнам дека зборивте '' срце,душа,злато,сонце '' ги обожавам но само ако некој ги заслужил без лигавење .. Никого од овие пријтеливе не ги нарекувам така .. Тоа го правев само еднаш ( и тоа на претходно спомената страна и од тогаш наваму - НЕ ) За жал морам да признам .. Да продолжам за темата дечковци - немам и не планирам да имам уште подолго време - воопшто не сум воспитана така ( а за жал како што гледам децава потпаѓаат под ? љубовта ? ) Тврдоглава сум ептен ( па така го откажав грицкањето на ноктите ) и ме повредува и најмал лош збор ... Само што не го покажувам тоа .. За тоа постои ноќта кога тивко плакам во креветот ( патетично можеби ) Имам сестра - монгу ја сакам и горда сум на незјиниите успеци али не сум блиска со неа Не знам да ги искажувам чувставата и многу ми е тешко да кажам '' Извини '' - тоа ми е како понижување ( се срамам од ова и сакам да го исправам ) Во животот се срамам од неколку мои зборови и дела .. Тешко ми е да се навикнам кога ми се случи нешто но сум искусила дека времето ги залечува раните. Инаку многу ми е криво кога некој ќе ме сфати погрешно - се корнам од бес а Извини никако да кажам . Хух доволно е мислам .. Да да знам, дека сум досадна - извинете ми што ве замарав ) Инаку за секој случај ќе го ископирам текстов случајно да не се испрати - пошто ова се пак не можам да го пишувам Мило ми е што се запознавме .. Ваша Buttterfly
Здраво девојки Веќе одамна сум редовна читателка на Фемина. И ете сега сум и член на форумот и мило ми е. Се читкаме низ темите
Сега ја видов темата, но сепак мислам дека треба да си пишам ако од синоќа сум членка овде. Поздрав девојки!
Здраво на сите. Јас се зачленив пред неколку минути, иако го следев овој сајт и форум веќе подолго време, па решив и јас да ви се придружам. Многу ми се интересни вашите постови и ми се допаѓа многу форумов. Супер е! Се надевам дека ќе се здружиме сите.
E ај здраво и од мене Инаку од Штип сум 15 год, живеам во Лондон, нова сум на форумов се зачленив пред неколку дена сепак супер е многу ми се допаѓа и така