Два дена по ред го анализирам форумов и неможев да му одолеам затоа еве ме сега и мене меѓу вас Јас сум горчлива (Bitter) ама не како пелин, туку да речеме како пиво горчливо а сепак слатко. Имам 24 години без еден месец, речиси 5 годишна врска, среќна, вљубена, исполнета и задоволна. Со сериозни претензии наредната година да рипнам во тавче Со студиите при крај, невработена полагам испити и џаболебарам (повеќе џаболебарам одошто полагам) И нема да бидам интересна ако откријам се за мене само во еден пост. Па драги мои добро ве најдов
зачленета сум некои два месеци,ми се допаѓа форумот а уште повеќе форумџивките.видов доста совети кои би ми послужиле..редовно ве читам и се трудам да бидам поактивно на темиве, затоа што малце си сум мрзичка ,ама пробвам да се поправам па се надевам добро ке се согласуваме...поззз
поздрав до новите форумки, нема за зажалите што сте се зачлениле, многу е убаво овде и многу нешта ќе учите......
Здраво на сите...ве читкам одамна,ама сега решив да се приклучам...Имам 33 години,мама на два сина и сум од Скопје...Се надевам на добра дружба...
Здраво на сите! Она што сакам да кажам е тоа што не сум нова туку бев пред некое време зачлената ама си го заборавив и корисничкото име и пасвордот и никако не можев да се сетам како ми беше па сега решив да го направам по нешто што ќе ме асоцира се надевам дека ќе имаме убава дружба
хаааааааааај на сите! нова сум на форумов,али одамна си го читкам и наоѓам многу корисни совети,како и интересни муабети...па би сакала да бидам дел од ова убаво женско катче. ме примате?
Здраво женски, јас сум нова на форумов. Ве читкав доста време но не сум пишала воопшто, еве сега решив да ве поздравам сите и да ви посакам пријатен ден. Мајка сум на една мала балерина која само пее и игра. Поздрав, се надевам на добра дружба