Здраво на сите! Јас сум нов член на форумов,гледам дека форумов е прекрасен,масовно посетен,интересен,опфатени се сите можни теми за дискусија! Јад сум мажена,во брак сум две години Се надевам на пријатна дружба со сите вас,поздрав од Лајт!
Лајт добродојде,на право место си се зачленила, овде ќе најдеш се што те интересира или загрижува! поззззззз
Е ај, добро ве најдов... Причината поради која се пријавив на форумов е што сакам за одредени работи поврзани со љубовниот и сексуалниот живот да прочитам и побарам и женски мислења, и секако, некогаш и да дадам мое, машко мислење. Се надевам дека ќе бидам успешен во моите намери. Секое добро.
Здраво девојки и момци и јас сум од тие поновите, често ги пратам темите и Вашите мислења, но повеќе како гостин. Но, со ова претставување се надевам дека ќе имам и јас да споделам нешто со Вас. Темите Ви се супер, и сметам дека секој би можел да пронајде нешто корисно и интересно во нив. Се надевам дека ќе имаме убаво време поминато тука на форумот. Поздрав до сите.
и јас сум значително нова и го обожавам форумот втора љубов ми е.. инаку имам 23 год и 7 години сум во врска со мојот мачор , невработена во потрага по работа и тоа
добредојдовте ana-banana и jmila добредојде и ти Nelly-A, ама ќе се караме со тебе, вчера само што си го вратив омилениот аватарот и сега кај тебе го гледам ништо, ајде ќе си барам друг
здравоооо зара,имаш преубаво кученце и убаво име,добре ни дојде на форумот,и во нашето виртуелно пријателство...
Здраво нови сестрички Феминки. Ќе ми биде мило да споделувам мислења и искуства со вас , да се дружам и слично , а верувам дека ќе им биде и на другите
Здраво на сите. Искрена да бидеам мислев дека форумов е за деца од 13-15 години. Но еден ден решив да пролистам и да видам што се дешава и тогаш сватив дека баш напротив има и многу повозрасни. Па така до ден денес, кога конечно се решив да ви се придружам. Мило ми е што ќе се дружиме . Поздрав
Благодарам Мрачна...хммм поради животов. Неверни другарки, битни луѓе во мојот живот кои ме изневерили на било кој начин. Па во рок од два месеци се ми се сруши и ми се стемни , и за тоа мрачна