Здраво на сите Јас сум од Штип,моментално живеам во УСА.На некој начин сум нов член зашто не бев премногу активна а сега Фемина ме поврзува со нашата ни мила Македонија многу ми се допаѓа што постои форумов за да си се искажеме и дружиме виртуелно Поздрав до сите
Добро ве најдов Lux да,има град тука во УСА,се вика Дестин и мене на тоа ме потсеќа.Местото е неверојатно,рај на земјата... Поздравче
епа Здраво прилично сум тазе на форумов.. досега бев само пасивен читател и еве се решив да се вклучам во муабет и јас се надевам на добра држуба со сите феминки
Фала ти Esperanca сигурна сум дека ке се дружиме баш сте фини сите на форумов и готова сум,се навлеков скрос хаххааа поздравче
Здраво женски Јас сум нова на форумов и се надевам дека ќе се дружиме Иначе јас сум од ск немажена сум и така
Разгледував теми на форумов од љубопитност,па решив и да направам акаунт.Видов дека овде се претставуваат новодојденците,па затоа го следам нивниот чекор и јас.Се чувствувам сеа малце како прваче.Иначе,јас сум Виктор од Скопје,имам 20 години,студент сум на Економскиот факултет во Скопје,знам дека форумов е повеќе женски,но затоа јас ке ви се убацувам само на темите каде што има место за машки,ви благодарам на топлото добредојде
Добредојде Виктор, убав помин и пробај во темата каде што се бараат совети од машка страна Иначе има и други теми кои не се стрикно женски како политика, спорт, музика, храна ... Во секој случај срдечно добредојде
ЗДРАВООООООООО НА СИТЕ Јас сум Антица Живеам во Скопје ( не работам сеуште ме издржуваат мојте ) Понекогаш нормална понекогаш ненормална, некогаш лута и бесна некогаш слатка и добра некогаш зајадлива и саркастична но секогаш искрена. Во кратки црти просечна скопска девојка, да се разбереме не сум шмизла Иако познавам и такви кој би ме нарекле така али нивно мислење нивно право. Па ете сум таа сум тука сум се надевам дека ке се дружиме и разменуваме мислења.
Добредојде Антице мила шмизличке Шала на страна ама мели така би те нарекле оние кои не те познаваат добро Убав помин, уживај, разменувај мислење, искажувај свои, совети, прашања и различни одговори во твоја помош... Тоа е нашата ФЕМИНА Забава и релаксација пред се ENJOY