Да се откажам или не ?!

Дискусија во 'Сингл' започната од fergie, 21 август 2010.

  1. fergie

    fergie Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Здраво! Ве молам за мислење ... Со бившиот раскинавме пред месец - два, и откако раскинавме не сме во контакт, на едно “здраво“ сме и дали 2-3 пати ми е пишал ... Сето време кое помина никако не успевам да го заборавам, иако ме повреди сеуште го сакам. Ми се случува кога решам никогаш повеќе да не мислам на него тој да ми пиши или да слушнам некои муабети кои пак ме навраќаат на него и никако неможам да се одлучам да го заборавам бидејќи ми е тешко, зашто секогаш кога ќе се решам тој прави некои потези кои не знам како да ги сфатам, и се плашам да не е само лажна надеж. Сега ми се случува истото ... Разбрав дека зборувал на моите другари и другарки дека се кае заради раскинувањето и дека сеуште не ме заборавил, но тој не прави никакви потези, не се труди да дојдеме до контакт, на 2-3 реда муабет.. не знам дали чека јас да му дадам некој знак (пр. да почнам прва, онака бош муабет на нет и сл ..) И сега не знам што да правам, стварно сум збунета ... Дали да преземам некој чекор или да оставам на ситуацијава како што е, па што биде нека биде ? п.с. а за да преземам некој чекор ке ми треба многу храброст бидејки срце не ми дава јас да бидам прва .. :( Helppp! :worried:
     
  2. Ivka.07-A

    Ivka.07-A Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    3
    А да не избрзуваш... ако стварно се кае заради раскинувањето и ако сеуште не те заборавил...т.е. ако те сака ќе ти пише прв, ќе ти се јави или слично... Не избрзувај... да не бидеш повредена на крај :)
     
  3. happygirl

    happygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Женски
    Ај размисли прво убаво дали сакаш пак да бидеш со него и покрај тоа што те повредил..Инаку и јас се согласувам со претходниот пост дека ако веќе тој се кае за раскинот и сл. прв ќе те побара на муабет ;) Не брзај со постапките..после може ќе се каеш |(
     
  4. fergie

    fergie Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Да, знам дека е така, и јас го мислам истото дека ако тој навистина се кае, прв ќе ме побара .. но сепак сакав да слушнам и други мислења пред да решам како да постапам. А секако дека јас прва не би го побарала на муабет, мислев онака прва да му пишам на мсн или фб за да почнеме бош муабет, но сепак подобро е да оставам како што е, времето си го прави своето ... Сепак ви благодарам за мислењата .. Позз :) :*
     
  5. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    643
    Допаѓања:
    801
    mislam da se distanciras. ako te saka mesto da zbori ke pokaze so dela ;) taka da moj sovet, od iskustvo ti e, oladi si ja glavata.
     
  6. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.759
    Биди рамнодушна како тој постапува така и ти . Сврти му малце грб и ќе видеш ако навистина сака да е со тебе пак , ќе се потруде до тоа и да дојде. :*
     
  7. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    226
    потполно се сложувам со горенапишаното...
     
  8. fergie

    fergie Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Ви благодарам девојки, ќе ми послужат вашите мислења, потполно се согласувам со нив :*
     
  9. TheBunny

    TheBunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    182
    Гледано од машка страна можам само да ти посоветувам, ако се уште искрено сакаш да бидеш со него-дај му барем некој знак за да дознае и тој дека и на тебе не ти е сеедно што не сте повеќе заедно... знаеш ние машките не знаеме што се имате на ум вие од понежниот пол и токму затоа потребно е барем некој знак да ни се даде до знаење.... што знам :?: можеби доволно е и ти да направиш како и тој... да поразговараш со заедничките пријатели што ги имате... не до толку дека ептен ти недостига.. можеш да го "спакуваш" со некои други зборови... демек многу поубаво би било повторно да сте заедно...така нешто во тој стил... а батето ако е маж би требало после да го направи првиот чекор кон помирувањето зошто како што кажа и на него не му е сеедно што сте разделени. Се надевам дека некои од овие совети ќе ти се најдат ;)
     
  10. babe

    babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    4
    Се согласувам со горенаведеното мислење. Кога веќе тој имал храброст до сега да ти пиши и да зборува дека не му е сеедно што се разделени, можеби сега е твој ред да му дадеш некој знак дека и тебе не ти е, зашто можеби тој тоа и го чека, па да те побара на муабет. Доколку му дадеш некој знак и потоа ако се си остане како што е било, ако тој не се труди да направи нешто да сте пак заедно тогаш дефинитивно пробај да се дистанцираш и стави крај дефинитивно. Бар на тој начин ќе си знаеш што понатаму а не само да си влеваш лажна надеж. Се надевам дека ќе ти се најде некој совет ... :*
     
  11. viki7

    viki7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    zdr ve molam za pomos so deckoto raskinav pred 3 meseci no prodolzivme da se gledame mnogu go sakam i toj custvuva kon mene nesto i ne saka da prekineme da se gledame no nemoze da bideme povtorno vo vrska toj prema mene oseka em deka me saka po malku em oddalecenost kazete mi sto da pravam zbuneta sum a ne mozam bez nego ke poludam
     
  12. Srculence--91

    Srculence--91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    49
    А која е причината поради која сте се раделиле??
     
  13. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.867
  14. viki7

    viki7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    ma ni jas veke neznam koi se pricinite demek gi izgubil custvata prema mene,ustvari pa sega mi vika deka nesaka da prekineme da se gledame
     
  15. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    810
    Ова неговото ни те сакам ни те давам..Ако ги изгубил чувствата тој а ти сеуште ги имаш,многу е себично од него да бара да бидете во контакт. Јас не ја гледам поентата на тоа. Друго и ти да си рамнодушна па да останете пријатели..а колку е тоа можно после љубов-пријатели тоа е друго прашање. Ако мислиш дека сеуште има љубов меѓу вас бори се, ама ако навистина тој не те сака подобро одалечи се од него. Вака ќе ти биде уште потешко, да го гледаш нон стоп а да не можеш да бидеш со него. :*
     
  16. viki7

    viki7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    fala ti probav i taka da se oddalecam no nemozam da izdrzam bez nego ke se boram i ke vidam do kade ke stasa seto toa pozzz
     
  17. babe

    babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    4
    Најдобро ќе биде ако имаш прилика да правиш муабет со него, па очи во очи да си кажете искрено што чувствувате еден спрема друг и што му е поентата со тоа дека не може да бидете во врска а да продолжите да се гледате како „другари“ ... Зашто навистина ти ако го сакаш премногу како што велиш тешко дека ќе можеш да останеш другарка со него. Затоа расчистете, па ако ти каже дека сеуште те сака бори се за вашата љубов, а ако не најдобро за тебе ќе биде да се дистанцираш. Позз :*
     
  18. viki7

    viki7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    fala vi mnogu za sovetite i pomosta
     
  19. LadyR

    LadyR Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    330
    Значи дечки дечково имаше женска, но раскинаа. Во моментот кога раскинаа таа не беше тука, туку во странство и сеуште е. Ние излагаме два месеци, секој ден. Но некако се чуствува дека бившата не му е целосно избришана. Но за овие два месеци многу се зближивме, значи ептен. Ден без да се видиме не можиме да замислиме. Но доаѓа време за тој да тргне факултет, а јас гимназија. Значи ќе оди у Скопје :( Страв мие. БИ сакала да сме во врска, и да имам доверба. Што да правам?
     
  20. Mister.Fix

    Mister.Fix Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    17
    rizikuvaj neka te vidi so drug decko ako mu znacis ke te moli da mu se vratis :P :P