Да се пие благо млеко или не?

Дискусија во 'Храна и пијалоци' започната од rossonerka, 6 јули 2013.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.271
    [​IMG]

    Мислам дека не наидов на ваква тема а имам читано неколку стории, стории од нутриционисти и доктори, кои се против пиењето на млеко од животинско потекло.

    Всушност луѓето се единствениот вид којшто конзумира млеко во текот на целиот живот и притоа тоа млеко не е од сопствените извори, туку пие млеко од други цицачи.

    Млекото всушност треба да се конзумира директно од дојка без изложување на воздух. Штом се изложува на воздух се изложува и на бактерии. Ќе споредиме со кравјото млеко коешто освен што е изложено на бактерии, нему му се менува и хемискиот состав и неговото дејство при обработката.

    Притоа мајчиното млеко има помалку масни киселини, не предизвикува дигестивни болести и пренесува агенси за имунитет кај децата. Ништо од ова нема кравјото млеко. Двете млека плус имаат и различен PH.

    Интересно е и што човечкиот организам со текот на годинините се помалку ја прифаќа лактозата, а таа е составен дел од кравјото млеко, причина за голем број дигестивни проблеми.

    Денешното млеко се произведува во фарми каде постои селективен расплод, вкрстен расплод и вештачко оплодување, а кравите се хранат се помалку се хранат со природна трева, туку со хемикалии, надополнети со антибиотици и хормони. Затоа и млечните производи во последниве години содржат бактери и вируси во голем број

    Може до недоглед да се зборува како е логично конзумирањето на животинско млеко од страна на човекот, а и многу нездраво.

    Дали вие конзумирате?
    Дали сте размислиле колку е тоа здраво?
    Јас неможам комплетно да го исклучам од менито и кравјото млеко за жал, посебно со житарици едноставно совршен доручек ми се.
    Дали вие бар малку се подзамисливте за конзумирањето ваше на кравјо тетрапак млеко?
    Знаеме дека денес целата исхрана е подложна на многу хемикалии, но тука станува збор тврдењето на докторите дека ние луѓето немаме никаква потреба да пиеме кравјо млеко! Кравјото млеко на човечкиот организам може да му создаде само проблеми.

    А ако помисливте дека е здраво што млекото има калциум тогаш зошто млекото да ви е извор кога го има и во многу други продукти.
    Во 100 грама млеко има околу 120 мг калциум.
    Но ...
    Во една конзерва сардина има 315 мг калциум.
    Во 100 грама бадем има 250 мг калциум.
    Во 100 грама лешник има 220 мг калциум
    Чиата од 100 грама 600 мг калциум.
    Афионот/кимот во 100 грама имаат 1450 мг калциум.
    Сусамот 100 грама има 1400 мг калциум.
    Коприва 100 грама има 700 мг калциум.
    Богати со калциум се и сојата, лененото семе, зелените зеленчуци а особено марула, кељ, репка, зелка, во житарките итн.

    А притоа имаме здрав млечен напиток кој се вика ЈОГУРТ и кој е докажано одличен напиток за човечкиот организам.

    Имаше еден случај кога додека јадев мусли со благо млеко ме праша една колешка дали сум бебе?
    Ја изгледав чудно и и реков НЕ! Епа зашто тогаш пиеш благо млеко? :D
     
    На Annath и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  2. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    184.375
    Пол:
    Женски
    НЕ да не се пие!
    Се убаво си напишала Росонерка плус за сите што се секираат како да внеаст калциум си дала и одлични примери.
    Јас пијам само со кафе, знам дека и тоа не чини ама пуста навика. Ретко се случува да каснам со бисквити ако и давам понекогаш на ќерка ми. За моја среќа она воопшто не е фан на млекото па немам намера ни да ја правам. Ќе си пиеме јогурт.
     
  3. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.064
    Не само што е штетно и содржи многу хормони и хемикалии туку се поголем број на деца се алергични на кравјо млеко,да пак ке кажам штетно е како и голем број на продукти од животинско потекло,еве ќерка ми станува и одма бара млеко и обавезно си пие по 150мл,а исто и јас многу често пијам благо млеко
     
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.732
    Допаѓања:
    42.821
    Може сум меѓу ретките што воопшто не го сака млекото. Не пијам од мала, не по желба на моите родители, туку не ми е убаво :$ Пијам јогурт, но и на него почна стомак да ми реагира, па сега внимателно го одбирам и него, со помала млечна масленост. Не сум се заинтересирала за предностите и недостатоците од пиењето млеко, па немам конкретно мислење за неговата можна штетност или придонес кон нашето здравје.

    Патем, кравјото млеко во млекарите, не доаѓа комплетно од фарми. По селава сеуште има луѓе што чуваат барем по една крава и од истата млекото го препродаваат на млекарите. Секое утро доаѓа камионче што го собира и патем им ја мерат масленоста, да не случајно ги дополнуваат со вода. Ама јас како што приметив, кофичката со која го претураат млекото, ја вози однадвор, па прашина и ѓубре колку сакате (може сум грешка, така го видов еден ден :angel: ). Е сеа во млекарите што дополнително го влошуваат низ целиот процес на преработка... Ние земаме млеко директно од луѓе што чуваат крави. Посигурно, поевтино е и мајка ми редовно прави кисело од истото :)
     
  5. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    15.503
    Пол:
    Женски
    Кога зборуваме за квалитетот,сите велат дека во него има најмногу протеини,но не се согласувам.Апсолутно не.Соино млеко-да,млеко од животинско потекло не.Јогурт-ДА,ГОЛЕМО ДА!Но,млеко не... :) Сепак,понекогаш си го дозволувам....Додуша,понекогаш мошне често...
     
  6. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    937
    Што е тоа кељ? :^)
    Инаку, да пијам многу млеко, оваа година почнав дури :$ , секој ден пијам по едно шише тетрапак, еднаш во денот со житарици, а потоа така си го пијам :)
     
  7. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.059
    Допаѓања:
    8.635
    Кељ е дива зелка. Вака изгледа.
    [​IMG]
     
  8. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    Млеко никогаш не сум сакала, ниту па ќе сакам. :puke: при самата миризба.
     
  9. tofi

    tofi Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    13
    Пијам само млеко со какао
     
  10. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    890
    Пол:
    Женски
    Млеко многу сакам! :inlove: Го пијам и благо и без шеќер,исто сакам да пијам и чоколадно млеко! :inlove: Го сакам уште како дете! :inlove: И млеко и јогурт подеднакво сакам и подеднакво ми се убави и вкусни!Исто и кисело млеко кравјо и овчо многу сакам! :inlove:
     
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.777
    Допаѓања:
    25.132
    Пол:
    Женски
    Не пијам млеко.
     
  12. Felicitas

    Felicitas Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Млеко пијам само без шеќер! :)
     
  13. Saxobeat

    Saxobeat Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    99
    Пијам секое утро по една чаша со милко експрес или краш
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.954
    Пол:
    Женски
    Обавезно со шеќер.
     
  15. TheKitty

    TheKitty Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Пијам домашно кравјо млеко со како :)
     
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    16.776
    Пол:
    Женски
    Многу сакам да пијам млеко, не можам да одолеам на мирисот и вкусот на тазе сварено тазе млеко ("директно од кравје" :lol: ).
    Го сакам секакво, чисто млеко без додатоци, може со шеќер, со какао, со капучино, со краш, со корнфлеикс, пудинг, макарони, ориз...
    Сакам и јогурт, урда, сирење, павлаки итн...
    Сакам се што е од млеко. :P

    Во изнесувањата од воведот во темава, не верувам многу, од причина што тоа се само укажување кои студиите до сега не ги докажале поврзаностите за тие укажувања со штетната последица која наводно ја предизвикуваат.
    А причината што желбата за млеко се намалува со годините е поради намалување на производство на ензимот лактаза (со стареењето) кој помага во варењето на лактозата од млекото, до степен на нејзина несварливост.
    [​IMG]
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    7.616
    Престанав да пијам млеко пред неколку години (онака, воопшто да не го конзумирам), мада и претходно не бев нешто голем фан, и во животот никогаш подобро не сум се чувствувала.
    Додека растев, пиевме млеко исклучиво од домашни крави, млекарот ни носеше секое сабајле на врата, и факт е дека тоа млеко нема врска со денешното кое не може ни да се сврсти во групата на млечни производи. Прав, сомнително потекло, антибиотици и хормони - фала, ама НЕ.

    И реално, во млекото нема нешто што на нас луѓето ни треба. Напротив, млекото (меѓу другото) ја намалува апсорпцијата на железо во организмот и може да доведе до анемија, нема голема концентрација на калциум, содржи протеини кои ние луѓето почнуваме се` потешко да ги прифаќаме во организмот, јак алерген е за бебињата итн итн. Има многу добри замени за ова млеко, почнувајќи од млеката од сите јаткасти производи, ама ете, маркетингот е страшна работа, „бебе без млеко на слика - не е бебе“ :)

    Може некој да ми каже зошто ние луѓето ТРЕБА да конзумираме млеко?
     
    На rossonerka, babymama, XMaN и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    133.661
    Пол:
    Женски
    Дома воопшто не конзумираме слатко млеко, за разлика од млечните производи - кисело млеко, јогурт и сирење. Имам слатко млеко во фрижидер да ми се најде кога ќе ми текне да правам нешто што содржи млеко. Искрено, по себе - многу подобро се чувствувам откако престанав со конзумација на слаткото млеко. Како мала воопшто не сум го пиела, почнав да го конзумирам кон крајот на основното училиште. Ама тоа млеко што го пиев тогаш, не ми предизвикуваше проблеми како сега. А разликата меѓу тоа млеко и ова сега е тоа што тогаш го земавме од наши познати луѓе од едно село во близината на Охрид, а сега ја немам таа можност и верувам дека она млеко што се продава по супермаркетите е сè, само не млеко. Во план сум да пробам на син ми да му давам домашно козјо млеко за пиење, како далеку поздрава варијанта од кравјото, ако го прифати супер, ако не, здравје. За внес на калциум нема потреба од внесување млеко и млечни производи, има и други продукти кои содржат високи количини на калциум. Така што, не ми држи вода ставот на луѓето дека дете треба да пие млеко за да порасне.

    ЕДИТ: Моира ме претркала - човек треба да пие млеко, ама само мајчино, додека е бебе, секое друго млеко е излишно. А инаку, за анемијата и алергиите се сложувам - и би рекла дека во најголем број се резултат на сите овие промени кои ги претрпе млекото во последниве години, поточно фактот дека животните кои даваат млеко не се одгледуваат како порано, туку плански, стимулативно за што поголеми приноси, поголеми количини, повеќе пари.
     
    На tessie и Moira им се допаѓа ова.
  19. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    220
    Најдобро е ич да не се пие.
    7 месеци веќе не конзумирам млеко, не јадам кашкавал, пијам само јогурт и јадам кисело млеко.
     
  20. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.356
    Интересна и корисна тема.

    Кравјо варено млеко и млечни производи од кравјо млеко не консумирам или многу ретко. Казеинот создава слуз во организмот и посебно во грлото и синусите.

    Многу помалку штетно е овчото варено млеко односно кисело млеко и сирење. 100% овчо сирење косумирам повремено за шопска салата.

    Најмалку штетно за човечкиот организам од варените млека е козјото и најмногу личи на човечкото млеко. Ако имам прилика секогаш преферирам козји производи.

    Едно од најштетни млека се стерилизираното односно трајното млеко или млеката во прав.

    Сето ова не важи за неварените млека, сите се здрави за консумација па дури и за кравјото сум читал само позитивни работи а да не збориме за вкусот кој е прекрасен.

    Кој има кравичка или козичка може да ги ужива благодетите на свежото млеко :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.