1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да се пие благо млеко или не?

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од rossonerka, 6 јули 2013.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Јас само за ова ќе искоментирам , дека ич не држи вода , истражувањата покажуваат дека во далечното минато поголемиот дел од неолитската популацијата во Европа биле алергични на лактоза. Со тек на време генот за нетолеранција на лактоза мутирал кај повеќето луѓе .
    Некои сметаат дека ова е доказ за еволуција на човекот , те приспособување на условите за преживување . Или пак е доказ дека едноставно млекото природно не преставува дел од нашата исхрана?

    На темава немам некое мислење , не пијам млеко бидејки не ми се допаѓа , може некогаш со кафе но онака не . Ама затоа јогурт секојдневно конзумирам .
     
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    За оној кој решил тотално здраво да се храни, да го проверува секој производ детално, тогаш нека се заинтересира малку повеќе колку е здраво или штетно млекото. Јас еве барам по нет и поделени се мислењата ама никој не вели дека умереното пиење на млеко е штетно. А оние кои се дават во прженици, салами, виршли, паштети, кечапи и мајонези и слично, да се во дилема дали да се напијат чаша млеко или не, мене бар ми е смешно.
     
    На Cka, dream.queen, senza.parole и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Штом има поделени мислења - нешто тука смрди.
    Мене ми е доволен показател што јас се чувствувам препородено без млекото, и што баш како што кажа XMan - во моето тело нема слуз. Не знам како тоа да ви го доловам, ќе мора да пробате подолг период да сте без млеко (нормално со здрава исхрана, не со прженици и виршли) за да видите за што зборувам.

    И пак ќе прашам - ЗОШТО човекот треба да пие млеко? Кои се придобивките, макар и само по 1 чаша дневно?
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  4. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    225
    Не знам зошто толку многу кај нас се форсира кравјо млеко и млечни производи кај луѓе со ревматски заболувања, кога тие се први причинители за воспаленија, послебно кај ревматичен артритис.
    Кога му го кажав ова на ревматологот мој, ми се изнасмеа, па ме искара дека као не сум разбрала добро, дека на моето тело му е потребен калциумот од млекото и млечните производи, дека само на тој начин се зајакнува имунитетот :^) Секако дека читав, пробував се и сешто за да си ги намалам болките и најголем причинител на моите воспаленија е млекото. Направив и тест, после 7 недели непиење млеко и воопшто конзумирање на било какви млечни производи, се напив кафе со млеко. Ако ми верувате, следниот ден не можев од кревет да станам. Сите зглобови ми беа отечени и воспалени. Се додека не го исфлив млекото од организмот јас бев со отоци. И не ми текна повторно да се напијам.
    Ќерка ми пак многу често имаше запек од млеко, откако го укинавме млекото пред спиење и го заменивме со јогурт, нема никаков проблем со мешето.
    Ама затоа маж ми се дави во млеко :D и само за него купуваме. Он не може животот без млеко и месо да си го замисли.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JackNicholson

    JackNicholson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    40
    Подполно се согласувам со тебе, јас сум обожаватеч на млеко не го пијам често ама уживам во него значи има еден куп други работи на кои треба да се размислува дали се штетни или не, а млекото е во последните затоа што има и многу позитивни страни, јас се прашувам само колку од тие што се против млекото се само пушачи, или љубители на брза храна и сл,
     
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Прашањето е исто како-ЗОШТО човекот треба да јаде леб? Кои се придобивките, макар и само по 1 кришка дневно?
    Направивте голема збрка, бидејќи вистинското млеко го споредувате со ѓубрето од млеко во тетрапак, тоа се две различни работи но со ист назив.
    До сега не сум прочитала некој да умрел од млеко, или рак на дојка или простата да добил.
    Сосема друго е прашањето на вкусови, дали на некој му се допаѓа вкусот или не.
    Прочитав некаде дека млекото демек било наменето за телињата а не за човекот и затоа било штетно, не било како човековото. Е добро де, тогаш и медот им припаѓа на пчелите но е најкорисен и најлековит, јајцата им припаѓаат на кокошките па ги јадеме итн...
    Нашава држава ептен се модернизира, се урбанизира, селото се пресели во хаотичниот и нечист град, веќе и да нема произодители на мало на чисто млеко. Но не значи дека не може никаде да се најде чисто млеко. Јас пијам такво, само штета е што толку евтино се вреднува млекото во нашава држава,едно шише од пола литар негазирана вода е околу 20 денари а еден литар чисто млеко се откупува за само 18 денари од страна на млекарите. И како сакаш после некој да просперира од фармерство.
    Кога зборуваме за корисното и здраво кравјо млеко, да не зборуваме за хормонски стимулираниот раст на кравите и во тој случај нездравото млеко, тоа веќе е глобален проблем на општеството и големото производство.
    Ако појдеме од маркетиншките трикови на големите корпорации ние воопшто не треба да живееме. Не треба да јадеме месо, не треба да пиеме вода, не треба да јадеме паштети, салами, виршли, не треба да јадеме овошје и зеленчук (затоа што сите се прскани и којзнае што не им се става за да пораснат и узреат порано), не треба да јадеме генетски модификувана храна, сладоледи, чоколади, торти, не треба да јадеме леб кој е полн со адитиви. Па всушност ние ништо не треба да јадеме и да пиеме. Па не треба ниту да дишиме зашто воздухот е секој ден позагаден. Дали ова значи да си умреме? :^)
     
    На dream.queen, Sweetheart87 и vinozito1 им се допаѓа ова.
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    ^
    Лебот и житарките содржат сложени јаглени хидрати кои му се потребни на организмот за ослободување енергија, а содржат и Б витамин и многу минерали, кои помагаат во искористувањето на енергијата од другите продукти кои ги внесуваме во телото. Содржат и влакна, кои му помагаат на дигестивниот систем при варењето на храната, па следствено, во пирамидата на исхраната се наоѓаат на прво место.

    [​IMG]

    Споредбата со медот не ти е воопшто на место. Иако е производ од пчели, за него е докажано дека е лековит и хранлив, па затоа и се употребува во исхраната, исто како и јајцата - преполни се со протеини, амино киселини, антиоксиданси + железо во жолчката кои и те како му требаат на организмот.

    Млекото го забрануваат на доенчиња до 1год зошто може да им направи повеќе лошо отколку добро. И белката ја забрануваат до истиот период (медот дури и повеќе) ама нив ги класифицираат како алергени, не како штетни. Млекото бебе не смее да го конзумира зошто има протеини кои се тешки за неговиот организам и зошто има тенденција да го врзува железото во цревата и директно да го исфрла од организмот, што значи да предизвикува анемија. Калциум во големи количини - Нема, можат да се најдат минимум 20 други продукти од кои организмот би искористил поголемо количество на калциум отколку од млекото. Значи?

    Разговарав еднаш со девојка која се интересира за здрава исхрана, тогаш ќерка ми беше малечка, и баш падна муабет за кравјото млеко. И` кажав дека до сега нема пробано и јас ако се прашувам - нема ни да проба, заради сите негативности што можат да се случат во 1та година, и таа (нема деца) констатираше дека сепак може после првата година. На прашањето ЗОШТО би давала нешто што ДОКАЖАНО прави лошо на бебе, само крена раменици и ми рече: Па добро, после 1 година бебињата ојачуваат, ќе може да го „поднеси“ кравјото млеко.
    Да го поднеси?! Фала, јас не го тренирам моето дете да поднесува нешто од кое нема придобивка (и нешто што не можам да го надоместам од друго место без негативни нус ефекти).
    Само колку за илустрација - кога дете се јавува на Детска клиника со бронхопневмонија, шлајмови и тешки алергии, прво што им исфрлаат од исхраната е млекото. На дете (7год) со тешки мигренозни напади во период од 3 години, прво што му исфрлаат е млекото и месото и целата пакувана индустриска храна. На човек со Диабетес 2 прво што исфрлаат е млекото, измеѓу другите работи. На девојка оперирана од рак на града и` ја препорачуваат медитеранската исхрана, во која нема чисто млеко, само нус производи од истото.

    [​IMG]

    На жени оперирани од јајници/матка им забрануваат млеко, зошто создава слуз во организмот кој претставува основа за развој на тумори и малигни клетки. Нели тоа кажува многу за неговата добробит?

    И не знам зошто се фаќате на тоа „јадат нездрава храна, ама млекото го исфрлаат“. Не значи дека ако се „труе“ со едно, дека треба да се дотруе со се` можно штетно на планетава.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Човекот спага во цицачи.Благословен е животот да го започне со млеко.Не сум запознаена до толку со модерниот начин на исхрана ама едно со сигурност знам, млакото е здрав начин на исхрана.Познавам стари баби и дедовци по повеќе од 80 години и не поминуваат еден ден без млеко.
    Не боледуваат од ништо друго освен од старост.
    Во минатото тоа било основно во исхраната и лугето живееле подолго, посебно на нашите простори.
    Денот им започнувал со чаша млеко, место денешните кафиња од сомнително потекло, кои ни ги уништуваат органите за варење па после млекото било штетно.
    Штетни се нашите лоши навиќи
    Ако имате можност, купувајте млеко од луге што одгледуваат добиток, таквото млеко е поздраво од она во продавниците.
    Мислам дека треба да се пие млеко , ако можете без шекер е поздраво...ако не користете го во пудинзи , сутлијач, домашен сладолед,крофни,кифличи.,..
    И Онака немаме голем избор на здрава храна па ако и млекото се исфрли , што останува ...?
     
    На Abeja, tessie и friendy им се допаѓа ова.
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    И млекото содржи многу хранливи материи, не сум експерт ама еве читам по нет како многу други, и кога веќе збориме за леб тогаш и него не треба да го купуваме затоа што не го прават од брашно, квасец и вода туку му додаваат адитиви, емулгатори, конзерванси... Млекото јас знам дека не е препорачливо за доенчиња ради алергија, a за железото можеби си во право но ако се пие во големи количини и е замена за секоја друга храна како што е случај кај малите бебиња и веројатно затоа и не се препорачува. Но деца после година дена и возрасни не се само на млеко, внесуваат разна исхрана па не гледам место за паника.
    Желудник на бебе многу работи не поднесува во првата година, значи ли тоа дека се што не треба да јаде и пие тогаш, исто треба да продолжи до крај на живот? Исто и кај разни болести се забранува разна исхрана, што не значи дека треба да се храниме постојано како болесници. Која болест се добива од умерено пиење на млеко? Не од претерано пошто знаеме веќе дека се што е претерано не е добро...
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Да, цицачи сме, ама од свој род млеко треба да конзумираме, затоа и се сите препораки за што подолго ексклузивно доење. Сте виделе ли теле, откако ќе престане да цица од кравата, да почне да цица од овцата? :D
     
    На Mama25, babymama и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Потпис!
    Баш вчера купив домашно млеко и го сварив :)

    Јас израснав пиејќи една шолја млеко пред доручек секој ден.
    Едноставно тоа ни беше рутината - це витаминче и млеко :)
    Тетрапак млеко многу ретко купуваме, и тогаш татко ми гледа цело да го испие, за да не го пиеме јас и сестра ми :lol: За тоа дека не било здраво млекото, искрено прв пат читам. Отсекогаш сум знаела дека е многу корисно.
    Не знам дали сите овие испитувања се однесуваат и на домашното млеко (директно од крава, без никаква преработка и додатоци), ама меѓу ова и тетрапак млекото има драстична разлика.
    Цел живот пијам само такво млеко и јадам само домашни јајца (кои се помалечки за разлика од фармерските, ама барем знам дека не им шибале хормони на кокошките).
    Мајка ми и татко ми отсекогаш се грижеле да јадеме здрава храна. Да било штетно млекото, сигурно немало да ни го купуваат.
     
  13. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Млеко да обожавам но само тетрапак, домашното ми смета некако ми има специфичен мирис кој неможам да го поднесам
    Интересно е што уште како бебе не можеле да ми дадат домашно млеко сум го фрлала шишето веднаш,најверојатно има нешто што ми пречи во домашното
    Е сега го сакам без ништо и ладно(варено исто така не ми е убаво,а мед или шеќер ми го каврат вкусот некако не уживам додека го пијам)
    Млеко многу ми е убаво и во кафе(нескафе,аис кофи и слични со ладно млеко [​IMG],ова е единствено што го сакам со топло млеко)
    Освен тетрапак млеко исто така пијам и купечки јогурт и кисело млеко, домашните не ги поднесувам.
    И тоа е се од млечни производи што јадам, сирење,кашкавал,павлака и слично не доаѓа предвид ми се гади ведднаш, најверојатно има нешто што ми пречи

    Ете тоа е мојата приказна со млекото и млечните производи,колку го сакам млекото,толку ми е лошо од сирењето, тешко сватливо знам, моите кога бев мала не ми веруваа дека навистина ми се гади од сирење и горе наброените, а и јас самата не сваќам што би можело да е тоа што ми пречи кај домашното млеко и било какви млечни производи(секако и купени) кога толку монгу го сакам тетрапак мекото и тоа уште од бебе

    Е сега за тоа дека било штетно кравјото млекото да сум читала и ми има логика, колкава е коската на едно бебе, а колкава не едно теле,значи млекото од кравата би требало да има сосем различен состав од човечкото,би требало да е прилагодено за раст на телето а не за човекот,ама од друга страна пак тоа е нешто што се консумира со генерации, и не покажало ефект како чипсот кокаколата и тосотвите од кои бај д вуеј пола америка има над 100кг, а и ако млекото е штетно, што се случува со јајцето,јајцето претставува зигот, сега незнам баш многу факти ама мислам дека тоа би содржело многу повеќе хормони(или што и да е)-фсушност тоа е основата за дилемата со млекото како што имам читано.

    Јас како што пишав погоре го пијам и го сакам млекото мноогу,но навистина би се запрашала дали би го дала на дете :?:
     
  14. dream.queen

    dream.queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Јас си пијам млеко постојано,најчесто го јадам со житарициве како од сликава

    И убаво ми е за доручек со житарици и навечер често знам да се напијам една чаша млеко со шеќер.
    Кога кашлам или сл. мајка ми постојано ми прави млеко со прегорен шеќер и така ми е убаво покрај тоа што е корисно за грлото.
    Навикната сум уште од мала да пијам чоколадно млеко и да го јадам со житарици. 2-3 години не го конзумирав толку често ама после пак му се вратив на редовно конзумирање.
    А, да заборавив да кажам Битолско млеко ми е најубаво :)
     

    Прикачени фајлови:

  15. skenco

    skenco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    49
    чоколадно млеко да а обично не сакам и јогурт да :)
     
  16. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    да чоколадно пијам и е здраво
     
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.881
    Допаѓања:
    102.912
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Јас пијам млеко со овој корнфлејкс, најубав е а претходно ставам чоколадо во прав и не ставам шеќер
     
  18. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    го сакам млекото, сакам и јогурт, и урда, и сирење .. се што е од млеко како што рече Abeja погоре :)
     
  19. Kristinna1

    Kristinna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    125
    Млекото е најубо да се пие. Ја пијам дури уште како од мала ама пијам млеко со какао! :)
     
  20. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Како зависна сум од млеко :D На нас ни донесува еден човек и неможам убаво да функционирам ако поминам ден без чаша млеко :D Од мала пијам млеко :inlove: