100 бодови на натпреварот математика. Душава ми е полна, сакам да полетам. Или не, подобро една тура филмови ќе изгледам. Јеј!
Веќе две недели сум на режим на исхрана со здрава храна и вежбам редовно Немам направено ни една отстапка
Пак јас. Прво место на биологија, јееееее... Всушност 75 поени имам, ама прашањата изгор тешки беа и другите имаат по 20-30, така што... Цел живот ќе ме јаде тоа што заборавив дека ќе има и од сè уште неучените содржини на школо. Спојлер Немаше ниту едно прашање за мојот омилен систем - дигестивниот. Ама ниту едно. Ама битно прво место освоив. Wohoooo!
Иако малце зезнав, пошо многу тежок тестот, со 57 бода Поминав биологија понатаму, ќе учествувам и на регионалниот А кога видов прво бодовите мислев дека не продолжувам
So far, so good. Спојлер Да се разбереме, не сакам да бидам „де видете ме, сите ми се петки“ тип на личност. Сликава повеќе ја ставам како мотивација за другите, а и за мене. Бидејќи секој ден се прашувам дали вреди толку учење, па овој тефтер ми е потсетник.
Прво место сум на македонски, немој да сте ме мислеле. Прашањата беа ептен лесни, ги решив за десетина минути, па проверував. За пола саат излегов. Сите се жалат надвор, многу биле тешки, ништо не напишале, јас си викам аман бе, што ќе беше работава. Нè измачија со резултати, нешто не им бил точен клучот, глупости... 4 часа прегледуваа, на секој саат излегуваа: Проверивме 10, досега нема над 80... Проверивме уште 5, сè уште нема... Така јас од сè решено, си викам отидов јабана, сè сум испогрешила. За на крај да ми кажат дека единствено јас имам 96 поени, другиве 50-60-70. И така... Се пофалив. Прилеп, here I come.
Денес пoлoжив теoријa зa вoзaчкa јухуууууу!! Немaте пoјмa кoлку сум среќнaaa!!! Пoлoжив и тoa oд првa без ниеднa грешкa. Сегa следувaaт чaсoви вoзење
Оваа година за пракса избрав банка и да имам своја тура од Балкан фест. Незнам на што повеќе да се радувам.