Да се пофалам , синко го донесе дома својот прв цртеж од училиште на тема - што сакам да бидам кога ќе пораснам . Сака да биде војник ( иако до пред неколку месеци велеше доктор дека сака да биде ) . Го мачела капата , не знаел како треба , па фино лепо си го спакувал цртежот и правец дома , да му помогнам . Еве го резултатот . Да напоменам , сам го цртал , само капата му е од мене . Знам дека не личи баш на војник човечево , ама не сакав да го преправам скроз , сепак тоа е трудот на едно 6 годишно човече .