Ем да се пофалам-ем да објаснам зошто ме нема долго време Се вработив и на работа ми е сууупер!!! Ми недостигаат секојдневните коментари на Фемина, ама ќе се вратам во шема
И јас да ве пофалам на сите за позитивните промени! Јас да ви се пофалам, полагам утре Стискајте палци!
Можеш ти Marilyn , верувам во тебе Ајде па кажи ни утре како си поминала Да се пофалам сакам нешто Имам нови гаќички , обетки и поткошула Баба ми од Белград ми пратила
Ај и јас да се пофалам..од вчера до денес сум се светнала по дома..одамна ме нема фатено ваква чистачка манија . п.с. Идеална антистрес терапија
да се пофалам дека сум утре на интервју(мислам дека порано не можеше) во 8 и 45 да бидам таму ама сепак е некаква шанса која ми е дадена, па на мене останува само да ја искористам , па ке видиме што ке испадне од интервјуто
Конечно имам врата на дуќанот Време беше, и денешниов ден ми се склопи како сложувалка. Ај за некој ден ќе бидат и плочките, и молерајот... и ќе се отвори, е тек тогаш ќе ви се фалам
Ја собрав цела парфимерија пред малку...ги комплетирав нијансите на палети сенки, пигменти, перли и. т.н само не беа застапници за Менхетен и земав некоја друга пудра (иста цена) ме наговори таа продавачката а јас таква на моменти потпаѓам под влијанија Го чекам (демо) дечко ми да дојде, ја изгленцав собата и си уживкам... Сеа ќе ја сефтовсам новава пудра но се ми `смрди` дека сепак ќе отидам по Менхетен утре