Да се пофалам дека денес бев највредна и и помагав на мама што е реткост и дека викендов бев во Солун и најбитно од се јадев гиро и пиев кафе од Starbucks
Јас да си се пофалам дека ќе си го закитам индексот со првата десетка. Не можев да си ја симнам насмевката од лицето вчера цеееееел ден.
Да се пофалам-Растурив на ПОКЕР! е така! уште малце ќе си поиграм,имам време додека дечко ми заврши со работа,а потоа ќе ме носи на ручек.Срце мое Ииии што да се пофалам друго,некни спомнав пред мајка му дека многу сакам бајадера,и оп наредниот ден,ме викна на ручек и десерт ништо друго ами убава и слатка бајадера.Како да не ги сакаш бе,срциња, ми угодуваат во се. И уште да се пофалам дека цел ден џаболебарам. Книга немам фатено,си погледав Тв,си подремав на фб,и ништо корисно не направив.Не е убаво што така ме размазиле денес.
Да се пофалам, прв пат сама правам тарана. И секако, телефонски пак се консултирав со мама Ај па да видиме како сум ја погодила дозата.
Да се пофалам, дека конечно можам да здивна од учење, бидејки следнава недела не ми е толку напунпана, ама следните две пред троесечие ФУЛ!
Мразам да се фалам, затоа што обично се вели - оној кој се фали, треба да му дадеш. Ама морам да филтрирам радости и среќи бе додека не и се јавам на единствената особа на која можам за ова отворено да и кажам! Само што излегов од канцеларијата на претпоставениот побогата, сега засега само на папир - за едно .... евра! Ми ја покачија платата шуќур и тоа за ич не мала сума! Плус добив бонус! Доџе ми да вриснем и да си грицнам од г’зов од среќа! Многу ми е убаво кога ќе ми признаат труд, ама многу! Ти се плукнам во парите, не е до нив - до признанието е, ама помагаат и тие, и тоа како. Ах петок! Шта лепо миришеш
Оооо Ќестито Пирамитке. Ти текнува кога ти реков да ти ја покачат? Знаев бе Абе ти си вондервоман, и тоа го знам
Да си се пофалам дека многу убаво си се чувствувам......толку ми е убаво на душата што ми иде да пискам на цел глас...иако сум во голема фрка околу колоквиумската,предавањата,стипендијата,идењето на дечко ми.....ама сепак....убаво ми е....си ги сакам и обврските...