Сонце мало,да е живо здраво,гооолемо да расте,да биде паметно и убаво како мама,и многу женски да врти,ама на добар начин
Е ај да се пофалам конечно ја изреновирав цела соба, само уште подебели ѕидови да имав, па на раат да можевме да си го испробаме новиот кревет со дечко ми, заменет со тој што крцкаше ко да го крши некој. Највише мерак ми прават полиците, конечно книгите ќе бидат средени, место да ги ставам во кутии.
Ах што срценце е ова Мартинчето , да го бациш од мене и кога ќе попорасне да му пуштиш да гледа штрумфови
Да се пофалам, сите ме сакаат. Освен тие кои не ме сакаат но тие не ни имаат место во мојот живот така да....сите ме сакаат!
Комуникацијата и разбирањето со свекрва ми е од ден на ден се подобра (ај па сеа да не се заречам). Откако решив да ја оставам да е главна во СЕ, хармонијата е неверојатна Ако, не ми смета, сака да работи се сама без моја помош-нека работи Сума сумарум, вака полесно се дише.
да се пофалат: почнав да ја применувам техниката на моќ на потсвеста (популарно кажана тајната) и навистина успева последниве денови многу сум си среќничка