Оди во ,,Контролен панел‘‘. Потоа во ,,профил‘‘ и од страната имаш 'потпис' и 'слика на профилот' Ќе кликнеш на кое сакаш (во зависност што сакаш да смениш) и ќе си промениш
Сопругот има пријател кој држи дуќан за компјутери и компјутерска опрема и галантерија и отиде да ми земе нов лап-топ!!! Колку сум најсреќна!!! Секоја година пред роденденот на ќерка ни и јас добивам подарок од него, нешто симболично,ама овој пат го достигна врвот!!! Ајде сите да ве почестам,земете си по едно
Си купив две блузи. Многу се убави Инаку Геа со новиот лап топ уште поубави и покорисни мислења да ни пишуваш, и благодарам на тортичката превкусна е
Не е баш за фалење, ама ај Да се пофалам... вчера се исеков миејќи чаша, пукната била а јас не знаев...завршив на ургентен со три конца (ме шиеја )на десниот показалец, ќе ми остане и лузна...Сега ја користам само левата рака...тешко е многу Фалењето е дека не пуштив солза ама ни капка, самата се изненадив колку бев смирена и не испаничив, не кукав и не вриштев иако скоро до коска се заклав... за мене...машки издржав, ма повеќе од машки...јуначки Предупредување-или внимателно мијте или фрлете се што Ви е стаклено по дома а пукнато. Уште нешто-поштедена сум од миење садови дури не зарасне раната пошто не смеам да ја мокрам, аха ха ха ќе го јаде свеки... (морав вака дегенски да се изнасмеам) Во секое лошо има и нешто добро Поздравче
Јас и ти имаме доста слични моменти,истото ми се случи и на мене пред скоро две години,само јас си го смељав прстот со машинка за нес.Болеше до бесвест,ме шиеја,само кај мене и нокот немаше, и за разлика од тебе плачев со крокодилски солзи.Лузни ми останаа, но ми израсна нов нокот.Да се наежиш
Од Србија го купив Бела постава со разнобојни ситни цветови и тенок каиш Ако најдам време ќе го сликам па ќе го видите
Јас да се пофалам дека денес се пријавив за приемен испит во Јахија Кемал. Не дека очекувам некој добар резултат, ама ај ете да си ја пробам среќата ништо не моѓам да изгубам, само можам да добија и + желба ми е да го видам ентериерот на училиштето.
Има и што да видиш. Јас во осмо бев на натпревар и останав запрепастена колку е прекрасно таму. Има огрооомен двор, холот е преубав, среден, училниците се со клупи за еден човек, има одлично опремени лаборатории, кино сала, фитнес сала, и голема, убава кафетерија. Милина е школото. Туку, јас сакав да се пофалам дека сега со баба ми се научив да месам! Смесив блага погача и кифли, сега ќе одам да ја средиме погачата и да ги сукаме кифлите за домаќинката Нати ќе ве молам!
Добив уште една целосна стипендијаааааа за студии во странство. аааааааааааааааа ќе си пукнам од среќа