Станав тетка по 3 пат. јееееееееееееееееееееееееееј многу сум срекна срце најубаво едвај чекам да го видам јејејееје честам феминки
Да се пофалам од Јули почнувам во стопанска банка,леле колку сум среќна....малку не ми е јасно зошто дури после два месеци,но сигурно има некој процедури( кои јас уште не ги знам)па добро има доволно време таман и јас да средам се со факултетот.....
Да се пофалам, го закитив индексот со 9ка, се надевам не единствена за семестаров. И 9ка се важи, така?
Е заборавив да се пофалам, пу јазк. Бев кај еден тријач вчера, ми ја намести ногата. Тоа проклетото цело нешто било изместено, ми ја блокирало цела циркулација во ногата. Затоа ја олкави модрици и трпки, за болки па да не зборувам. Значи, фалбава беше дека јас од вчера се препородив! Денеска трчав по скалите, си одам најнормално и трипати го испашартав градов, а моментот за кој вреди да го пишувам постов е... На матурата ќе си ги носам штиклите од 12 цм. ХЕЛ ЈЕА!
Да се пофалам вегетеријанец сум скоро 2 месеца и одлично терам. И и и и и, после интервјуто за работа што го добив пред околу 20 дена, истата фирма ме повика на тестирање пред 2 недели и вчера ми се јавија, викаат: Ало, ЕлеМентал, се јавуваме од Фирмата, и би сакале да ти кажеме дека секако ќе се чуеме во текот на следната недела да ти догвоориме дополнителни real life тестирања....Сега за сега изгледа добро па држете среќа, можно е вработување
Да се пофалам си ја купив новата маскара на Max factor Феминки прекрасна е На сите ви ја препорачувам, нема никаква утка
дека за овој колоквиум малку учев ама се напишав, дури и изненадена сум од самата себе мислам дека овој ке биде колоквиум со најдобри резултати..
Да си се пофалам, денес бев во Солун и си се изнакупив многу работи, како и фустанче за полуматура и премноооогу сум среќна!
Да се пофалам, викендов ми дојдоа колеги и колешки од факултетските денови, 2 дена журкање, пиење, глупирање, потсетување на минатото и разговори за иднината, подобро упознавање на некои Шпањолки и Италијанки и неколку пати слушнато една од моите омилени нешта од цура..."Еј ми застуде" ТОП викенд!