Го положив последниот испит ... И тоа со 10-ка (ама сум скромна ,на цел свет да му раскажам ) Сега уште дипломската и раат!
Немам мерак да се фалам ... ама ајде да си кажам .... Прва оцена по историја ... за раскажување .. 5-ка Си купив едни есенско-зимски чизми ... кожени се (па сеа незнам дали се оргинал кожа... ама) Не се многу високи и имаат декорација на страната со машња ... црни се Хулахопки дебели и обични (ама оние што се ни дебели ни тенки- средни) едни се бели едни се црни, ... и толку ... Како положи? Те молам кажи ми ако не е тајна ...
Да се пофалам дека љубовчето денес доби покачување на платата Не добив јас, ама исто е-во иста каса одат
Да се пофалам, слично на Мимс иако еден степен повисоко , имав денес Спојлер оргазам . Ама на сетилото на вкус. Избувна ко атомската во Хирошима. И сеуште чуствувам последователни потреси. Го јадев најубавиот чизкејк со вкус на лимон. Конечно сфатив зошто Рејчел и Чендлер чучнаа и го јадеа чизкејкот од земја. Овој на дупето на некој добиток да ми го стават, сепак би го јадела. Убавини
Имав мега-успешна прва конференција, 2 часа толкување, организаторите беа презадоволни, и ќе ме ангажираат за секоја нивна следна конференција... Бонус ми е тоа што зборував со USA амбасадорот во Македонија. Каков течен англиски, како песна да слушав додека зборуваше... ПА МОЖЕВ ЛИ ДА ПОСАКАМ ПОВЕЌЕ!? Ау, ќе ми треба време да средам импресии, ама пресреќен сум!!!
Упознав прекрасен италијанец! Типичен, со сите мани но сепак и по малку различен! Искористив да си го вежбам јазикот,прекрасно е дружењето со него,како да слушаш италијанска канцона..Ах Франческо! се надевам ќе остане повеќе во Скопје да си повежбам зборење..