Добив подарок од дечко ми Онака без причина фатил спортска и посакал да ме изненади со нешто Ми купи ланче и обетки сребрени
Дека денеска успеав да го приведам при крај колачот кој што го имавме направено дома (добро де и моите каснаа по некое провидно парченце :geek: ). Како бре можев да си дозволам денеска маршутата да ми е од креветот до плехчето со колач, цел божји ден? Како?
Значи кога не иде, што и да правиш, не иде, ама кога иде-богами баш убаво иде, без да се намачиш. Да се пофалам за ептен корисните подароци што ги добив. Парфем (а баш барав некој, мирисот по дифолт е пресилен за мојот осетлив нос, но едно прскање на ден не би било трагично), стик дезодоранс (а мојот беше при крај), хеланки во боја каква што сакав (само што се претесни ама ќе издржам), фармерки (кафеави, какви што сакав да си купам-зимава заљубена сум во таа боја и во тегет), други фармерки-црни (иако веќе имам, ќе послужат кога ќе ми се на миење тие што ги имам ), млеко за тело (да, при крај беше моето), и ете, си заштедив пари.
Ме израдуваа синоќа во 10 часот со веста дека ќе си имам вујна . Конечно на вујче му текна да се ожени. Нека му е со среќа. Е тоа сакав да се пофалам. Дека си имам вујна .
Добив на бинго Англиски професорката ми пиша 5 без да одговарам Бидејки овој час не испрашуваше доброволци (бидејки сите на нас чекаат) кога заврши часот ја замоливме следниот час да може да одговараме за побрзо да си завршиме и не знам што и текна го отвори дневникот и на сите што сакавме да одговараме следниот час ни изнарепка петки А да не се фалам ама за овој час книга не бев фатила а и ми ги скрати маките за следниот час
ДСП минатиов викенд, поточно во саботата отидов кај дечко ми во станот и ептен се изненадив! Купил тесто за пица, печирки, кашкавал и се друго потребно за правење на истата, купил и црвено вино. Сакал сам да направи се, но јас отидов порано и му го расипав изненадувањето! Во секој случај, преубава вечер исполнета со многу љубов, неѓности, добро вино и добар филм
Да се пофалам, за роденден добив поклон од Миле ова : И за да не е празно имаше внатре и прстче : Му реков дека се заебал, сега за таа кутија дето ми ја поклонил, ќе мора и да ми ја полни...
ЈАс да се пофалам...тргнав по чизми а се вратив со вентијага Ама утре одам по чизми Само во џебовите е различна малце
Да се пофалам, почнав сама да си правам интересни работи (држач за накит и сл.) и сега ми е многу убаво средена собата, благодарение на феминкитее
Да се пофалам на првите колоквиуми во мојот живот поминав и повеќе од одлично. По двата предмети што имаме резултати сум положена и тоа со максимум можни бодови и по едниот и по другиот Се исплатеше учењето и замарањето околу држење висок просек и одржувањето стипендија. Чекам резултати уште за два ама за тие не се плашам знам дека ќе се добри, овие два ме засегаа. Мислам дека никакви проблеми нема да имам околу одржување просек за стипендијата па ми падна камен од срцето