^Со здравје да си го носиш,црешичка. Да се пофалам до пола имам научено за утрешниот тест и што ќе биде нека биде.
Да се пофалам дека моите утре заминуваат на пат и цел викенд home alone! Ајде бујрум на пиво и кикирики!
Успехот за ова тримесечје ми е 5,00. Морав да ви се пофалам колку и да ви звучи детско, ама ете среќна сум.
...денес ми беше на гости мојата најсакана внука од Италија... моето најсакано срценце, кое од толкави проблеми што имам не сум приметила дека за цело ова време пораснала и се претворила во моја принцеза ...ги средив проблемите околу дипломата и ништо не е по моја вина, и ме поучија дека можам и да тужам... ама не ми се потребни тие работи сега, само инаетот е голем... ...уште резултатите да се добри и се ќе е во ред!
^Еве пак јас,со здравје да си ги носиш,прекрасни се. Да се пофалам...јас кога правам тест,мора цел форум да ме разбере.
ииии така ми остана само една четворка, по биологија, исто како и лани! Ајде ќе ја оставам за на совет, професорката е змија, кај неа нема да успеам да ја поправам никако
Да се пофалам сите изминати тестови, писмени и испрашувања (географија, историја, македонски, биологија, граѓанско,англиски, физика, руски и уште нешто..) добив 5ки Браво за менеее
Охохох,да не си претерала? Се шалам де,браво! Само продолжи така,нека се гордеат со тебе и колку е убаво кога некој те фали. Задоволството на ниво. Да се пофалам дека убаво ми е во сегашниот миг.И научив да го ценам подарокот. И тоа никогаш не е доцна,ако го немате откриено подарокот,одма да си ја имате прочитано книгата "Подарок" и да бидете среќни.
Тиих бре. Па досадно е све 5ки. Јас у последно време, за одредени предмети, сум на коњ ако добијам 3че. А не па да добијам 5че, тогаш не на коњ, на жирафа ќе бидам. Иначе да се пофалам, последниве денови, конечно имам улично осветлување, па мислам ви текна! Човек да се умочаше у гаќи, док да стигне до дома.