Да се пофалам, моментално си уживам со сиренце и убаво црвено вино. Така си ја почастив душичката без некоја особена причина.
Да се пофалам дека ми се ближи роденденот и сестра ми ми подари топлинки мечиња, такви убави пуфкасти црно-бели
Да се пофалам утре ќе одам во Скопјеееееее Брат ми ќе ја брани дипломската нека му е честитооооооо... го сакам најмногу. А после тоа ќе се најдам со другари и ќе шетам дур не ме здоболат нозете, дај Боже да не врне.
Да се пофалам дека добив 5ка Биологија, КОНЕЧНО! За тромесечие знаев АПСОЛУТНО СЕ’, зашто биологијата ја сакам и интересна ми е, и женава ми стаи 4ка, (не знам зошто)... И сега и докажав дека знам за 5ка и повеќе!! Се пријавив доброволец и се’ и раскажав најубаво! I'm so proud & happy!
Си купив нови два пара чизми, едните се црни високи до коленици, но можат да се превиткаат а горе превитканото е леопардска шарка (сиво-црно) а доле се кожни. Другиот пар е сив, ниски со плетенчиња Си ги сакам најмногу!
Сабајлево на дождот си ја поправав колата си отворив хауба, си менев свекици, си проверував вода, ставав анти фриз итн итн итн
Ајт,сега ме потсети,коинциденција, јас лани требаше да одам,најмногу сум знаела од сите и најмногу си се докажував и на почеток лесно ми се виде ама само со падежите и коњугациите и прифатив,ама после кога видов дека треба да учам заменки на памет,па уште во секој падеж по 3 ми се стемни,башка крај година беше ,ми кажува во Март,за во Мај,а дека требаша да си учам за оценки,тестови,испрашувања и ми се виде тоа како додаток многу за учење и навреме се одкажав,ама ми беше незгодно ама професорицата сфати и не се налути,и викам професроке ќе земите некој друг -“Како ко само ти знајш “ е тогаш јас и викам е добро,така испадна,а пред тоа три пати требаше да и кажам што сум одлучила,бруки и молења