Да се пофалам утре одам фамилијарно на еден ден во Струга. Сонце,плажа,ресторантче,шетња мх мх мх, одамна не сум била во Струга, ама знаете како Струга нема друга!
Ви текнува кога ве замолив да ми држите среќа? Сум положила англиски и конечно имам диплома за положен FCE.
Значи вака. Вчера. Искачам на улица слушам: Еее Марфи, Марфи. Пуштам се или нешто, Лила запнала: Марфи, па Марфи. Уклучувам фемина, некоја тема: Марфи, Марфи.. И денес за доручек си викам: Епа ќе видам што е тој Марфи на интернет, додека не ми искочил од фрижидерот. Ха! И дознав конечно за Марфи, и неговите закони. Епа сега и јас знам за Марфи. Спојлер Глуперда, сум си. Редно беше да дознаам.
^ Ај објасни ми кој е Марфи, и јас незнам. Инаку да се пофалам ги извадив вештачите нокти, и неможам да го тргнам лпакот.
Што бил незнам. Ама еве му ги законите. И во право е нажалост.. 1. Оној што плаќа најмалку, најмногу приговара. 2. Ниеден вистински проблем нема решение. 3. Никој не ги забележува големите грешки. 4. Ненадејно добиеното слободно време секогаш се губи залудно. 5. Никој не слуша додека не направиш грешка. 6. Кога се обидуваш некому да му покажеш дека машината не работи, таа ќе проработи. 7. Подобро добар план денес, отколку совршен утре. 8. Јачината на чешањето е обратно пропорционална на можноста да го дофатиш местото кое те чеша. 9. Краен рок е една недела по планираниот краен рок. 10. Веројатноста лебот да падне од страната намачкана со путер е правопропорционална со цената на килимот. 11. Кесата која ќе се скине е онаа во која се јајцата. 12. За да добиеш кредит, мораш најнапред да докажеш дека не ти е потребен. 13. Да се греши е човечки, но за стварно да се заглави потребен е компјутер. 14. Смешкај се... Утре ке биде полошо. 15. Кој се двоуми веројатно е во право. 16. Глупакот и неговите пари обично победуваат на изборите. 17. Кога на политичар ќе му светне идеја, обично е лоша. 18. Кога некој нешто ќе испушти, тоа никој нема да го подигне, но затоа секој ќе го шутне. 19. Грам имиџ вреди кило вистински способности. 20. Штом некому направиш услуга, тоа ќе стане твоја работа. 21. Ништо не е толку мало за да неможе да се напумпа. 22. Додека дојдеш на ред правилата ќе се сменат. 23. Другата редица се движи побрзо. 24. Доколку нешто може да тргне наопаку, ќе тргне наопаку. 25. Доколку нешто не може да тргне наопаку, ќе тргне наопаку. 26. Доколку цела низа настани можат да тргнат наопаку, ќе тргнат наопаку по најлошиот можен ред. 27. Шансата секогаш се појавува во најнеповолниот момент. 28. 90% од сè е срање.
3а некоја година ќе имам стан на мое име лично и персонално утре се потпишува договор, епа Mисс нека ни е на здравје, и тебе те засега ова
Да се пофалам.Последниве неколку дена (3-4)наместо да искочам на кеј со друштво,да идеме на базен...наместо да правам нешо асално,јас деновиве си ги преседов пред телевизор и компјутер Well Done,Ana,свака ти част
Професорот кој никогаш не бара индекс на испити, ме испрати до дома да земам индекс. За пола час се вратив и за 10 минути одговорив точно и опширно 7 прашања. И факин положив! На ти професореее!!
Сите резултати ми се негативни! Хухуху, се е во ред здрава сум! Леле...вриснав од радости, а толку бев исплашена
направив герданче црно три реда-само да се закопча-од многу ситна монистра и тиркизна алка, ама незнам да ги постирам сликите малку помош
доаѓа тета од Aмерика утре *ситриерачиња*, ќе ми донесе козметики, фустанчиња-Kои секогаш,ама секогаш ми ги погодува, мислиш сама сум си ги бирала Kо мало дете и се радувам на поклончињата, нејзините поклончиња ми се најмили, не знам зашто
Започнува Скопско К. Лето.. на 2 јули имам изложба со уште 8 наши фотографки.. http://kurir.mk/makedonija/kultura/7513 ... -leto-2012 Еве каде можете да ја спуштите програмата. http://www.sendspace.com/file/98t59y