Да се пофалам дека оваа година многу подобро размислувам и се чувствувам посозреано од минатата година.
Да си се пофалам си купив една многу убава сукничка денес..ама ептен е убава и сиви хулахопки и марама.. Ете така Грешка: мама ми ги купи за роденден
Да се пофалам дека дечко ми тргна на пат и во понеделник ќе ми падне в раце Многу сум среќна, за фалење е!
Сакам да се пофалам ...цел ден гледав туторијали на youtube , и кога конечно застанав пред огледало разбрав дека не било попусто , и јас моЖам да изгледам како ким кардишјан ..на мене имам три тона шминка , ама баш убаво испадна. Во план ми е ваква да излезам и да видам како ќе реагира надворешниот свет. п.с не одам никаде посебно , ама баш за тоа веќе спремив вечерна тоалета и високи штиклиња ...за кај дечко ми дома.Ете затоа што ми се сака да се дотерам за некаде а нема за каде , не ми се излегува баш Чудни сме ние Жените
е ако де некогаш убаво е да си се дотераш од онака, без причина.... на дечко ти воопшто нема да му смета, напротив ќе му годи...ким е убава на фаца,но само кога е нашминкана.. без шминка има многу лош подочњак.... http://www.youtube.com/watch?v=wEnUe-NBfHk еве без шминка не е лоша и без,онака просек ми е ако го прескокнам подочњакот, ама нејзиниот стил на шминкање ми е депресија... дефинитивно меган фокс е најубаво нашминкана позната личност според мене....
Е да ви се пофалам Феминки мои, конечно пристигна парфемот.... но не во мои раце. Ќе ме почека до петок кога ќе го злоупотребам
^ Честитам за парфемот Сакам да се пофалам дека денеска си купив преубави чизми кои што ги меркав долго време
Се исплатеше целата мака на работа и останувањето прекувремено, МИ ЈА ЗГОЛЕМИЈА ПЛАТАТА Си се гордеам самата со себе . Сега одма на шопинг
Да се пофалам си купив лакче и само што си ги налакирав ноктенцата еве каква боичка и бргу се суши тоа ми се допаѓа http://www.goldenroseusa.com/details.php?id=361&bid=&fid=
Си купив т.е му купив на кученцето нешто за на вратчето во кое му го пишува именцето , а за мене една купка што опојно мириса на брусница
Си купив убава бела кошула со карнери,многу убаво ми стои на новиот костум,инаку костумо ми е со елек и од елекот излегуваат карнерите.Задоволна бев од изгледот,а и од убаво сошиениот костум од модниот салон.