Да се сака повторно (Даниела Стил)

Дискусија во 'Книги' започната од ocila, 23 октомври 2012.

  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.894
    Изабела Сан Грегориа, има сè што некогаш можела да посака: маж од соништата, прекрасен син, модна куќа во Рим, богатство, слава и моќ на кои секој може да ѝ позавиди. Но нејзиниот совршен живот кратко потрајува откако го киднапираат и го убиваат нејзиниот маж. Во истиот миг, целиот нејзин живот се претвара во страдање, страв, закани, многу бессони ноќи. Нејзиниот живот, станува нејзин најголем кошмар.
    Постојано придружувана од телохранителите и стражарите, таа целосно се посветува на работата и грижата за нејзиниот син единец. Подготвена е да го продолжи својот живот, сè додека, еден ден, не добие лажен телефонски повик за киднапирање на нејзиниот син. Така по наговарањата на нејзиниот пријател и соработник Бернандо, таа решава дека е крајно време да го напушти Рим, барем додека стивне правта што се крена со убиството на нејзиниот маж.
    Така, решава со својот син, да замине во Њујорк, кај една своја стара пријателка и да продолжи со својот живот, криејќи се од очите на љубопитните новинари...
     
  2. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.396
    Сум ја прочитала ... ама искрено и не ме воодушеви премногу ... можеби малку критички и субјективно ќе се поставам, ама ова ми е една од послабите книги на Стил. :?:
    Во никој случај не може да се споредува со „Накит“, „Сестри“, „Ангелот Џони“ ...
    Но, сепак, ова е само мое мислење, имам другарка која беше „маѓепсана“ од книгава