1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да се сака со отворени очи (Хорхе Букај)

Дискусија во 'Книги' започната од Talita, 29 јуни 2012.

  1. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Кога експертот за маркетинг Роберто ќе добие имејл наменет за некој Фреди, го брише без размислување. Но писмата и натаму пристигнуваат, па љубопитниот Роберто почнува скришум да ги чита. Му ги испраќа психотерапевтката Лаура, која заедно со Фреди пишува книга за чудата на љубовта и заљубеноста, за можноста за одржување на врските, за верувањето во идеали, но и за недостатокот на љубов и претворањето на магепсаноста во завист.

    Со секоја нова порака, замислениот Роберто сè повеќе ги преиспитува сопствените љубовни искуства и се обидува да се разбере себеси. Охрабрен од стручните познавања и искуства на Лаура и прикриен во анонимноста на интернетот, Роберто го презема идентитетот на Фреди и почнува да и пишува писма на Лаура, во кои ги изнесува своите приказни и размислувања за љубовта и среќата. Но реалниот свет му подготвува едно изненадување...
    Дел од книгата...


    Ја имате читано?Мислења?
    Искрено многу повејќе очекував од книгав,некако многу ми е напорна,едно исто само писмата писмата и писмата... :(
     
  2. Darya

    Darya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    51
    јас ја имам прочитано и искрено многу ми се допадна...писмата всушност се и суштината на книгата. ми се допаѓа што не е класична психолошка книга туку токму поради тие писма сите мислења се изразени преку главниот лик на интересен начин. пред се ми помогна да разберам зошто јас реагирам на еден начин во одредени ситуации а зошто ‘другиот‘ поинаку...и што точно ме нервира...тоа е мое мислење го добив точно она што го очекував
     
  3. Irie.eye

    Irie.eye Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    6
    Денес си ја купив од "три" и очекувам дека е убава, неколку пријателки ја пофалија, па ке видам... :)
     
  4. ivuskatata

    ivuskatata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    ќе сака ли некој да ми помогне да ми каже од каде да ја симнам книгава?!многу сакам да ја прочитам :( благодарам однапред
     
    На maaraa96 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Девојки ајде кога ке имате време, раскажете ни за некои делови и совети. Гледам на нет доста популарна е книгава, но не секој може да ја купи.
     
  6. Maca Macovska

    Maca Macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Јас ја зедов и ја оставив. Не ме привлече. Но мора да и дадам втора шанса. Не ми се случило да оставам книга туку така.
     
  7. maaraa96

    maaraa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Ако ја имаш да ми ја пратиш:)
     
  8. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    2.438
    Пол:
    Женски
    Ја најде?
     
  9. maaraa96

    maaraa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Не, сеуште ја барам