-Да немаш попуст на карти за културни случувања, а исто така да немаш и можност за хонорарна работа. -Да се образуваш и учиш за испити, исклучиво од литература на друг јазик. -Да бидеш жртва на нечија шизофренија, поточно секој семестар да фрлаш пари за работи кои не ги добиваш: хартија, копирање на учебници, услуги од студентски сојуз и многубројни измислици. -Психички да те малтретираат искомплексирани професори. -Да учиш, ама да паѓаш на испити. -Да бидеш исто така жртва на нечија потреба за пари. Оттаму и мито и корупција. -Уште еднаш, да си жртва на политички превирања и манипулации. -Да си потценет и омаловажуван. -Да имаш необезбедена и несигурна иднина. -Да си тело преку кое може да се перат пари. Се извинувам, дали споменав жртва? -Да учиш теорија, без пракса. -Да молиш професори за консултации. -Да чекаш резултати од прв колоквиум се до денот кога се полага вториот. -Да патуваш од друг град само за да ти каже професорот да дојдеш друг ден. -Да бидат нељубезни и неуслужни со тебе од студентски прашања. Колку и кои од овие работи најмногу ве нервира? Споделете искуства кога сте биле разочарани од тоа што сте СТУДЕНТ преземено од fakulteti.mk , подготвила:Драгана Стојчевска
Да неможеш да најдеш работа иако имаш 10,00 просек, да ти се смеат друагрчињата од средно кои едвај минале со двојче со зборовите џабе ти факултет кога пак немаш работа, да неможеш да заминеш во странство на дообразување ако немаш вујко владика, да мораш да лепиш плакати на избори ако сакаш некогаш да најдеш работа, да мораш да се правиш слеп додека во истата просторија синчето или ќерќичката на некој од професорите препишува, да веруваш во некоја си студентска организација која ги застапува демек студентите на чие чело под default стои некој дебил лидер мамина или татина професорска маза итн.итн.итн И што е најболно да седиш и да ќутиш чекајќи дека нешто ќе се смени..... или што би рекле К-!5 http://www.youtube.com/watch?v=v4uNQM_S3EU
Ова болдираното ми се случило и ми се случува уште. Али тоа е, што да се прави ... Веќе ми е гајле искрено за се, сум се преучила за еден предмет, а еден идиот професор за 1,5 поенчиња не ме пушти на втор, а пушти некои што им фалеа по 20, не знам од кои причини. Затоа веќе не ме интересира односот, само гледам да завршам навреме со испитиве, со некој ОК просек и тоа е тоа.
-Да чекаш резултати од прв колоквиум се до денот кога се полага вториот!!!!!!!!!! За 3 недели се вторите колоквиуми а резултати од првите сеуште немаме
Парите што си ги дал, трудот што си го вложил, изгубените часови сон заради учење, губење нерви... Сето тоа тешко дека ќе се исплати на крајот...