1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да станеш лош (Breaking Bad)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Shana, 9 мај 2012.

  1. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005

    И јас така ептен со туркање и мака ја изглеав прва сезона. Досадна ми беше ама се напнав да видам шо е толку јака шо сите ја збореа. И после ме навлече и фино лепо си ја изгледав до крај :)

    Интересни факти за серијава ;) :

    http://lolpicslive.com/16318/great-fact ... ampaign=UK
     
  2. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.463
    Допаѓања:
    22.807
    Пол:
    Женски
    Предобра серија, негде пред празниците ја изгледавме и последната (5-та) сезона со дечко ми.
    Не за џабе беше прогласена за серија на 2013-та година. :)
     
  3. Paradox

    Paradox Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Како ми е мило што и на форумов има фанови на серијава. Јас сум тотален ББ фанатик. Во врска со оваа серија јас сум од оние досадни луѓе, што 24/7 замараат за едно те исто, ги напињам сите да ја гледаат, ја бранам ко да ми е нешто најсвето :D

    Него шала на страна, објективно гледно ова е една од нај квалитетните серии на денешницата. Од приказна до продукција, кастинг, костимографија, пажливо одбрана музика, се си е на место.
    Винс Гилиган човеку па дали си ти гениј?
    Брајан Кренстон ме израдува со неговата изјава дека Волтер бил улогата на неговиот живот и дека смета дека подобра улога од таа никогаш нема да добие. Мило ми беше што и двајцата се чувствуваме исто на таа тема хаха :lol:

    ББ ми ја смени перцепцијата за што е тоа добра серија. Волтер е синоним за антаго-протагонист хаха. Ми се допаѓа тоа како се конструирани ликовите, без онаа граница добар/лош.
    Плус мислам дека по добра антинаркотична кампања од серијава неможе да се создаде.

    Се што ќе кажам е не доволно за да опишам колку е потребно секој што не ја гледал серијава, баерм да и даде шанса. Дефинитивно е нешто посебно.

    П.С. Ни honest trailers немаат лош збор за ББ!
    http://www.youtube.com/watch?v=oDqGAUvWKkU
     
    На Butterfly.girl5, sparklie, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Ова ми е првата серија во животот која ја изгледав до крај, ми се случуваше да изгледам три епизоди по ред само заради тоа што некои епизоди имаа примамлив крај. Оваа недела ја догледав последната сезона
    (испитна знаете :lol: ), филмот останува број еден замене, ама некако крајот не ме бендиса многу, очекував дека Волтер ке биде мртов, ама не и Хенк. Кој не ја гледа криво да му е. :D

    Eве уште еден интересен факт околу филмот.


    http://www.mirror.co.uk/news/world-news ... uRHiBA1jIU
     
  5. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Делот си требала во spoiler да го ставиш има некој што не стигнал уште до крајот :(

    Како и да е 2-рата сезона ја гледам сега од серијата и со секоја епизода изгледана се повеќе и повеќе ми се свиѓа... Само не ми е јасно како на форумот може да има 300 страни коментирано за Дневници на вампири, а за оваа серија само 3 страни :o Женска работа :D
     
    На Paradox му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Не планирав да коментирам се додека не ја догледам целосно серијава, ама морам :worried: Волт ми беше интересен лик, дури и го засакав во трета и четврта сезона, баш ми беше мило што
    го уби Гас
    , и мислам дека редно беше да започне свој бизнис, или како што тој рече "империја" ама навистина полуде :doh: Сета таа моќ и неговото преголемо его го претвори во сосема друг човек, ај до некаде тоа беше добро, ама
    го отру Брок?? :( Ај тоа, можеби знаеше дека ќе го излечат, ама Мајк бе ?? ;( Колку и да не се согласуваа, ова му беше претерано, не ми се верува дека го уби :x
    .. Мислам дека нема да ми се промени мислењето за него, посебно после ова..
    Џеси ми е омилен лик уште од прва сезона, и се повеќе и повеќе го засакувам, толку многу се промени, ама на подобро, за разлика од Волтер.. Незнам што ќе се случи кога ќе дознае за Брок и Мајк, веднаш продолжувам со 8ма епизода.. :?:
     
  7. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Конечно ја изгледав и можам да кажам дека е една од најдобрите, ако не и најдобрата серија што сум ја гледала (од драма/крими).. Кога ја немав изгледано последната епизода очекував крај како на Декстер, односно очекував да бидам разочарана бидејќи знаев дека ќе умри, ама сосема спротивно беше :wasntme:

    За Волт реков дека незнам дали ќе ми се промени мислењето ама ми се промени.. Одмаздата му беше одлично смислена, на моменти во последнава епизода останав без здив.. И конечно призна зошто го правеше сето тоа :?: А крајот не можев да го замислам подобро, ако останеше да живее сам ќе беше како Декстер, ако живееше со жена му ќе беше нереално, она беше најдобар крај.. Се на се, тој е еден од најдобрите ликови било кога, глумата на Брајан е неверојатна ама самиот лик, неговите размислувања и постапки дефинитивно го направија еден посебен карактер..

    Џеси не ме изненади со тоа што реши да соработува со Хенк, мислам дека тоа беше најправилното нешто, со оглед на тоа што не ја знаеше приказната од страна на Волт.. Можеше да разговара со него ама сосема беше во право што сакаше да го убие (или барем да го стави во затвор), цело време беше манипулиран од него и сите негови блиски на еден или друг начин умреа поради Волт :?:
    Кога го гледав во синџири ми се кршеше срцето, па уште и кога ја убија Аманда.. ;( Исто и за него ми се допадна крајот, конечно замина од сето тоа.. :wasntme: Ерон Пол ми е исто така супер актер, едвај чекам да го гледам во Need For Speed :wasntme:

    И веќе почнува да ми фали серијава.. :lol: Навистина е чудно што одвај 3 страни на форумов има толку добра серија.. Ја препорачувам!! :)
     
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Вчера конечно ја догледав серијата. Јас, како љубител на среќни краеви :D подобро да си гледам шпански серии. Очекував дека нема да помине неказнето, ама вака... :lol: , жал ми беше за сите.
    Хенк претпоставував дека ќе погине, само не знаев кога. Премногу беше амбициозен, алчен, воопшто не ја слушна приказната на Волт, некако ми беше без емоции а исто и Мари. Нормално дека беше лут и гневен дека Волт цело време го правеше будала, ама можеше и поинаку да постапи, да разговара со него, да ја оцени штетата по семејството и сл. па шура му беше, можеше да се потруди малку. Кога веќе трагично заврши Волт, можеа барем да ја направат корисна неговата жртва, да стигнат сите пари до неговото семејство,а вака на поголемиот дел од парите им се изгуби трагот, можеби само Џеси знаел каде се. Вака и Волт умре, и парите исчезнаа, Хенк умре, им се упропасти животот на жената и децата, ја изгубија куќата, пералната, син му го замрази, што беше капак на се. Ќе беше премногу ако не платеше некоја цена на крај, за сите тие стопени тела во киселина, ама цела фамилија си уништи. Џеси цело време ми беше дезориентиран, никако не можеше да има цврст став, да почне да живее, на моменти толку смотан а друг пат па бистар. Исто како што не ми се допадна крајот на Хоумленд така не ми се допадна и овој крај, иако серијата беше добра.
     
  9. Sandokan123

    Sandokan123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    7
    Најдобра серија што ја имам гледано!
     
  10. Butterfly.girl5

    Butterfly.girl5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    114
    Само еден збор е доволен: НАЈДОБРА !!!
     
  11. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Моментално сум до 3 сезона ,11-та епизода.Ми се допаѓа многу сега за сега серијата.Навистина има некоја специфична приказна,нешто оргинално што не среќаваме често,барем јас не сум.Омилен лик ми е Џеси,значи го обожавам и него и глумецот,а посебно онаа негово BITCH :rofl:.Најмногу ми е жал за него истовремено покрај се што помина заради идиотов Волтер.Многу ми беше бездушно од негова страна што ја остави Џејн така да умре,ми беа преслатки со Џеси.;(.Посебно ми се допаѓа што има и шпански јазик.Кога ќе ја изгледам целата серија ке дадам коментар.За сега ми е одлична.
     
  12. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    После Game of Thrones оваа серија дефинитивно го зема второто место :angel:
    Стварно прејака. Една епизода да изгледаш, во еден здив ќе ги изгледаш одма сите сезони.
    Не знам зошто на форумов не е толку популарна :?:
    Јас ги изгледав сите сезони, ама ајде да не пишувам спојлери. Ќе кажам дека дефинитивно Џеси ми е најнеомилен лик. Најглупава улога му дале само да плаче...абе машко си или што си..плачко....многу е нервозен и непромислени работи прави за кои после се кае.
    A Волтер (Хајзенберг) е ѕвер. Почна да ме нервира малку при крај, најглем негативец ми стана ама сепак крајот ме предомисли и ме потсети дека е всушност добар човек, со добра душа и лавовско срце....
    Треба почесто вакви добри серии да се прават.
     
  13. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
  14. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    До 3та сезона сум.
    Се заразив со серијава, случајно налетав дека има 9.5 рејтинг па реков да и дадам шанса и не згрешив засега.
    Предобра е, опсесија ми стана. :whew:
     
  15. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    8.692
    Пол:
    Женски
    Почнав и јас да ја гледам по препорака на тетка ми како фанатик за филмови и серии :D.
    Ми се допаѓа, а и нема многу епизоди по сезона.
     
  16. Ivana J.

    Ivana J. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2015
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    На sjdgo и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  17. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
  19. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    549
    Пол:
    Женски
    Каде може да се најде цела серија да се симни? Онлајн никако не ми отвара, не знам што е проблемот...
     
  20. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    8.692
    Пол:
    Женски
    Breaking Bad Sezona 1 Online Sa Prevodom HD
    Јас овде ја гледам со превод на српски.