babylove овошни кашички

Два Бона

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Glossy-girl, 20 јули 2019.

  1. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.130
    Допаѓања:
    8.906
    Пол:
    Женски
    Барав да напишам мислење за ова музичко дуо ама не најдов, а воедно не сакав да бидам оф топик во несоодветни теми и се решив да отворам нова тема.

    Имено, ги пребарав Марио и Антонио (така се нарекуваат момците што го сочинуваат дуото), се во раните 20ти години, барем мислам, а со музика се занимавале од 2015 година, под закрила на продукцијата од Слаткар.
    "Магично" стануваат познати во 2018/19 и по нивната музика, која жанровски декларирана е трап, хип хоп и ар-ен-би лудува цела младина, од 9-18/19 и нагоре.

    Воопшто не сум задоволна од новокомпонираниве песни, не знам како може толку плитки текстови да се врв на музиката и да се достигнување. Посебно бев поттикната да отворам тема, а и запрепастена од младината кога овие двајца момчиња полнат кафиќ и прават мини концерт во кафулиња, а истите кафиќи слабо се полнат за време на рок/поп свирка.

    Музиката е личен избор, секој има право да слуша што сака, но за мене претставува лично обележје на една личност, а пред сѐ една од повеќето уметности на тлово.
    Не дека ќе имам предрасуди кон тоа каква музика слушаш, ама дефинитивно ќе имаме една минус тема за зборување.
    Можеби и порано преовладувале текстови за секс, дрога, богатства, пари ама како што во последно ова е тема на обработка во повеќето песни ми се чини не било никогаш.
    Иако...лошата страна е што овие песни остануваат во глава и лесно се паметат.

    Што е она што ја "воспалува" цела младина, дали е тоа животниот стил кој го живее или потсвесно мечтае за него?
    Дали младите учат погрешни вредности, благодарение на музиката?
    Дали вам ви се допаѓа оваа музика?
    Запознаени сте со Два Бона и дали ги слушате? Би им пошле на свирка?
     
    Последна измена: 20 јули 2019
    На candy.cane, mileystar, Next и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    12.217
    Допаѓања:
    132.897
    Пол:
    Женски
    Не ми се допаѓа оваа музика и ни денар не би дала за карта да го слушам ова, главата ќе ми ја препукне. Ни на музика не ми личи, но тоа е мој вкус. Убаво што нешто ново излегло во Македонија, но далеку е од квалитетно, а и онака претежно дечиња во основно ги слушаат само. Тешко на возрасна индивидуа што слушнала тон квалитетна музика ова да и се допадне. Само мое гледиште, ништо лично, ако некој се налути од напишаното...
     
    На sparklie, candy.cane, 1992g и 15 други им се допаѓа ова.
  3. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.513
    Допаѓања:
    5.282
    Пол:
    Женски
    Музиката ме опушта ама некако ми немаат смисла текствоите без врска (А а а а сипаме Моет) мислам нема никаква емоција.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kimberly11

    Kimberly11 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    4.459
    Допаѓања:
    19.299
    Пол:
    Женски
    Да не беше квалитетно немаше да се пробијат на Балканот,сепак ствар вкус е :)
    Мене ми се супер песните,само што не се за 12 годишни и помали. Во иста населба живееме па сигурно ти се случило да видиш петто оделенци како пеат “Од кока трнат нозе” и го слушаат тоа со друштво и лош пример е.
     
    На candy.cane, marija305, Shalitra и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.130
    Допаѓања:
    8.906
    Пол:
    Женски
    Не мора да е нешто квалитетно за да се пробиеш на Балканот, само треба да го знаеш "тригерот", пример изгледај бејзик факбојски и прај го она што сака да го слуша и гледа народот.
    Со шоубиз и глупирање луѓе се пробиваат на Балкан...
     
    На sparklie, jacqueline.s, candy.cane и 14 други им се допаѓа ова.
  6. staycalm

    staycalm Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    1.165
    Допаѓања:
    6.413
    Пол:
    Машки
    Освен скроз catchy бит што имаат, ништо друго не ми се допаѓа. Пубертетлии свршуваат на песните ко којзнае што да се..
     
    На candy.cane, Animali, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.109
    Допаѓања:
    17.615
    Балканската музика oд што изобилува квалитет, дури е тешко да се пробиеш во светот на шоубизнисот.
     
    Последна измена: 20 јули 2019
    На jacqueline.s, candy.cane, Shalitra и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.109
    Допаѓања:
    17.615
    Не заебавај, секси е. Мачо и алфа. Тестостеронот го има приматот. :muscle: :D
     
    На Robson и staycalm им се допаѓа ова.
  9. staycalm

    staycalm Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    1.165
    Допаѓања:
    6.413
    Пол:
    Машки
    Колку понеквалитетно и сељачко толку полесно ќе се пробиеш на балканов хахаха
    Само видете кои се „главните ѕвезди“ од Србија и со какви песни :D
     
    На candy.cane и Alisa22 им се допаѓа ова.
  10. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    1.177
    Допаѓања:
    4.682
    Пол:
    Женски
    Сега таквата музика е тренд на секаде низ светот, не само на балканот. Тексот да нема смисла, лесно певлив со заразно музиче и лесно ти влева во глава.

    Сите пеачи или артисти или што и да се, што прават музика за помлади, пеат исклучиво за секс, дрога, алкохол, коли, брз и скап живот, нешто што 90% од младината го прави и се "пали" на тоа.
    Не ги кривам дечките, мене ми се океј, дознале всушност "каде лежи зајакот" и што пали и пробива па го искористуваат тоа, и сите песни во последно на балканов (Србија и Бугарија) конкретно ќе ги земам за пример, излегоа толку нови пеачи и сите се со такви текстови и музика, и сите го слушаат тоа, проаѓа кај повеќето.

    За Два бона дознав од форумов, мислам дека ги коментираа во македонските јавни фаци (ако не се лажам) и од кога им ја слушнав музиката, не ми се допадна, но постепено текстовите ми влегоа во глава па несвесно ги потпевнував и почнав да ги слушам од време на време. На нивна журка не сум била, а незнам дали би отишла, можеби само за забава онака.

    Се е ствар на вкус, на кој му се допаѓаат нека ги слуша, на кој не, не мора. Толку.
     
    На Sejfullai, Damata so marama, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.949
    Допаѓања:
    52.681
    Пол:
    Женски
    Ни ги знам кои се, ни што музика прават. А по коментариве, не мислам ни дека нешто добро пропуштам. :wasntme:
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. dahlia_desire

    dahlia_desire Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2018
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    ubiv beat je ubiv dupee maalsko kuche ne me sobira u coupee✋
     
    На Damata so marama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    30.966
    Пол:
    Женски
    Освежување се, млади дечки, тренд се, облечени во марка, спотовите им се квалитетни, се гледа дека вложуваат, а за квалитет на музика и текст нема што да се коментира, а и не само на балканот, па и американската музика што се слуша и што имаат милиони прегледи кога би ги преведиле песните живи глупости пеат, па сите ги знаеме, така да не ме чуди популарноста на Два бона
     
    На MarijanaKolevska, Damata so marama и Angie1432 им се допаѓа ова.
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.438
    Допаѓања:
    49.141
    Пол:
    Женски
    Еее не можам да ги исхејтам, кога два дена по ред си ги пејам. Скроз се catchy.
     
    На Damata so marama, Harper, Oxymoron и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.109
    Допаѓања:
    17.615
    Освен "Колумбијана" која ми е омилена, другите се тапа. Крајна објектификација со негативно претставен хедонизам во хајлајт.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Adorabela

    Adorabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    Gi slusam i ok mi se.
     
  17. dahlia_desire

    dahlia_desire Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2018
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    шала на страна, имаат ептен јак beat, flow, се’ , текстовите им се ок, изгледаат напишани од ракав, али океј, не е дека и странскиве вакви се поарни. малце како ликови изгледаат на тешки сељаци, во живо ‘пеење’ им е ужас (сум била да ги гледам). фураат некој свој најк безвезе стил.
    ок да резимирам од ова нафрланово: не ги сакам ептен, ама песничките ми остануваат во глава.
     
  18. MarigoldA

    MarigoldA Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    7.588
    Пол:
    Женски
    Па странскиве нешто подобри демек се. "You know what to do with that big fat butt" или wiggle wiggle (жигу бигуле :D ), о боже глуп текст, ама има 800 милиони views на youtube. Или "blow my whistle baby". :rofl:
    Сегде се текстовите такви, не е до балканов.

    И мене ми беа заразни 2 бона иначе. Остануваат во ум, ама и тие неколку песни што ги знам лесно ми здосадија. Сега чекам нова, да ја отепам на repeat. :wasntme:
     
    На Shalitra му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.108
    Пол:
    Женски
    Не слушам македонска музика последниве 10 години, проценив дека не вреди за моето внимание, God forbid да им ја следам „сцената“, српски турбофолкери wannabe. Од дното подолу.
    бтв, да не биде дека хејтам од памет, на овие конкретно, еден спот им имам изгледано, песната не ја запамтив.
     
    Последна измена: 21 јули 2019
    На The Saturdays, candy.cane, Glossy-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.092
    Допаѓања:
    161.038
    Пол:
    Женски
    Јас успешно ги избегнувам досега :D, сум ја чула само Дијаманти со Слаткар, catchy e и ништо повеќе. Не сум по таква музика баш во последно време, плус ми личат ко македонски одговор на Јала, Буба Корели и сличните - а искрено да си признаам, странските изведувачи од таков лабав trap стил ми звучат класа погоре од балканските :wasntme: :D
     
    На Ketchup, candy.cane, darlingdragon и 5 други им се допаѓа ова.