Мене ми се океј. На нас младите-малите ни се супер. Инаку јас имам 18 скоро па 19 и ги слушам многу. Но еднаш се случи да дојдат во нашето диско и јас како голем фан си резервирав 2 маси за цело друштво да не собере. Си се спремаме и отидовме околу 12 часот. Луѓе диското беше фул среќа останало една маса па ми ја дадоа. Не се дишеше и кога се завртов малку и разгледав кој има видов дечиња од по 14,15 години во дискотеката. Они ја правеа целата гужва, си велев како ги пуштиле на врата овие дечиња обезбедувањата а кога си подразмислив сфатив дека да не беа они пола диско ќе беше празно. Ама сепак неможам да сфатам како родителите ми пуштат толку мали во дискотека. Нејсе не е тоа темата Мене дечките искрено ми се супер не само Два Бона туку и Таско, стварно многу ми се свиѓа секоја песна што ќе ја извадат но лично сум запрепастена од нивните фанови т.е 14 годишни дечиња кој што ги слушам како пеат "од кока трнат нозе" или "ќе го јадеш немиен". А искрено сум запрепастена и од девојки на моја возраст кога и идат на настап и се облечат провокативно, гледаат во нив им се смешкаат и се прават за да стапат во контакт со нив. Лично знам две девојки што после настап на Два Бона си отишле со нив во хотелот кај што престојувале. Тоа е грешката кај нас младите, не кај сите него кај тие што летаат во воздух. А вака дечките пак ќе кажам ми се супер, ми се свиѓа музиката, песните. Како што прочитав едно мислење и се согласувам македонски Jala Brat i Buba Koreli. Ваквата музика е сега популарна не само во Македонија туку насекаде низ светот, така да ова е супер за нашата држава. Ова се дечки кој што направија голем бум. Браво секоја чест за нив.
Како што некои пишаа дека младите се палеле на нивните песни,јас не тинејџер па ми се допаѓаат песните.Особено "Моет" одма ме тера на денсање
Ги истражив, преслушав песни, изгледав интервјуа. За мој вкус, 0 една голема, наликуваат на тие дебилите Јала Брат и Корели. Ако се маливе палат на тоа, што ли е следно на што би се палеле ? Сеа за сеа музиката за мене има две дна, едната е правец Мерлин Мансон, другата се овие треш изведувачи.
Како може да се океј не ми е јасно. Курви, пари, дрога, мафија, коли и алкохол. И само тоа се врти.. Малолетници слушаат се палат ко мајмуни. Супер, одлично. Еееејј еве мое е бемвето не е изнајмено, а колата немам збор, постара од него, ја искористил некој шваба овој ја собрал за 2 илјади евра и сеа мафијаш и еб***ште низ Скопје. Простутилук.
Песните не им се нешто wow точно, иначе да ги слушам и сум им била на настап во Привилиџ. Не им се дивам нити палам на песните.Повеќе на физичкиот изглед хахах
Не ја отворив темава за да ги хејтам(океј, немаше тема за да ги исхејтам убаво) ама сосем се согласувам на ова и кога читам туѓи мислења како биле океј(Сепак, туѓо мислење почитувам) си мислам што не е во ред со вас, хаха... онака чудно ми е. Најмногу се разочарав кога видов еден куп луѓе во кафиќ кој едвај се полни на свирка од било кој друг изведувач на место.
Не ги слушам и воопшто не ми се допаѓаат дебилни ми се ме потсеќаат на јала брат ,корели и остали клошари.
Одбивни ми се многу и овие 2ца и Таско. Не ми се свиѓа какви им се гласовите, а песните не ми се свиѓаат ни на текст ни спотови, ама добро им се обработени.
Кога слушам, или гледам нешто од македонски автори, сакам скроз да се рилејтнам со тоа што го нудат, иначе не ми е интересно. На пример текст ко "тост кај бомбата", звучи многу покул, отколку текстови за пари, дрога, моет... Меѓутоа, ова не е хејт кон дечките, туку кон целата музичка индустрија на балканов во последните неколку години. Они виделе што и како пали кај народот и само се прилагодиле кон тоа.
Не ми се допаѓа овој жанр на музика како и да е, но луѓето кои плукаат на нив додека слушаат музика од Џејсон Деруло или Ријана или останати како нив ми делуваат како големи хипокрити. Преведете ги тие текстови на македонски и ќе видите зошто.
Не ми се допаѓаат два пати и имам ојдено на настап во Дојран на Мај кога бевме и пред тоа еднаш во диското и тоа цело диско беше 14,15 години што се палат на песни за курви, дрога и мислат дека кога ќе пораснат треба да бидат мафијаши. Како и да е дечките успеаја во тоа што го работат капа доле донекаде...
Не сум нивен фан. Ми личат на неизживеани тинејџери со глуп стил. А и музиката ништо посебно. Не дека овие што ги слушаме странските и се занесуваме се којзнае што.. Сум пробала да преведам песна и сум се запрепастила колку е скини врзи а упорно се пее ли се пее...
2бона ми се омилени уште на почетокот ги слушам и сум нивен фан нз како сум се затрескала во нивните песни
Јас прв пат ги дознав од едно дете и се чудев што им е на овие ама па една песничка ми се засвиѓа. А иначе тоа дете им ги знаеше сите песни и си ги пееше Оваа ми е океј. Може да пројде.