Дали ја гледате серијата два и пол мажи? Јас ја гледам редовно и сега и претходната сезона што одеше на А1. Сега се емитува само во среда и четврток, сметам дека е малку. Многу ми е интересна иако Чарли Шин не е некој лик кој го сакам, меѓутоа тука глуми одлично.
Два и пол мажи одлична е серијата јас ги имам изгледано сите 8 сезони.штета што нема да се снима повеќе мн ми се допаѓа позз
Два и пол мажи Ууу многу ја сакам серијава. Него како да се снима.Не можат да го најдат Чарли Шин! Тој пустиот внесен у улогата,па престанал да разликува шо е филм,шо реалност.
Два и пол мажи Во вторник и среда се емитува Инаку интересна ми е и ја гледам редовно, се надевам дека ќе најдат актер набрзо.
Два и пол мажи Го раскинаа договорот. Чарли го прекршил и нема веќе снимање. Можеа да продолжат со друг глумец ама си знаеа дека нема да ја биде работата. Подобро да остават вака
Два и пол мажи Колку што знам веќе се снимиле пилот епизоди 4 (од најновата сезона), и дека Чарли веќе го нема. Ален и Џејк се селат во куќа на нивен братучед, бидејќи Чарли ќе загинел во сообраќајка, а куќата ќе и ја препишел на Миа ( не знам која сезона се прикажува на А1 јас ги имам изгледано сите, па не знам дали веќе се има појавено Миа), а братучедов бил copy paste Чарли (во однесувањето)! Е сеа колку е оваа информација точна...
Два и пол мажи Се сметам за фанатик на оваа серија, ги гледав епизодите на интернет, како што се прикажуваше нивната премиера, и ме запрепасти фактот беше објавено дека Чарли Шин си полудел, им отерал мајки и шајки на сите по список и го избркаа од серијата. И да, нема да е исто без него, но Два и пол мажи без Чарли Шин се подобри отколку никакви Два и пол мажи. ))
Два и пол мажи Гледам на А1 кога ќе фатам и многу ми се интересни Мислам дека ги дават и на Foxlife ама не сум сигурна Многу мразам кога ќе сменат некој актер тоа е како да ја сменуваат целата слика на гледачот која ја има замислено
Серијава е закон. Единствена серија која ја имам и на ЦД-а, до 6-та сезона, и кога ми е тешко си ја гледам и никогаш, ама баш никогаш не ми се здосадила... од срце се смеам. "Халф мaн" ми е дефинитивно омилен лик .
Evelyn: I think God gives us children so that death won't come as such a disappointment. Луди се, ги обожавам И серијава нормално нема да биде иста без Чарли...
Мене токму Чарли Шин ми е причина што не ја гледам. Најантипатичен лик ми е, општо како актер не го можам. Самата негова појава ми е антипатична. Имам гледано малку од серијава, стварно добар хумор има ама не. Неможам, ми се лоши од него. Ако продолжат да снимаат без него ќе ја гледам сигурно. Вака не
Една од најомилените ми ееее. Јас се плашев дека ќе ја прекинат да ја даваат дека завршила некоја сезона. Но фала на Barbica.
Оваа серија ми е најсупер после Пријатели. Ги изгледав сите сезони уште лани, си ги симнавме со мужето од нет. Али смешни се , секоја чест Мислам дека нема резон веќе нови сезони да се снимаат, Чарли Шин во последната сезона просто не личи на себе. И Џек е веќе тинејџер, се губи смислата.
Секоја сезона ја имам гледано досега омилена ми е серијава после Приајтели и Вил и Грејс Oмилен лик па се знае Чарли Шин. Многу ми е жал што нема да има продолжение но без Чарли не би било исто , штета што толку прекрасен човек се уништи поради дрогата и имаше прекрасна жена Дениз Ричардс но слава го изменува човекот за 360 степени http://www.youtube.com/watch?v=j-5elU_dCcI еве го срцето