Ептен ми се јаки Само што завршив со гледање на првата со сезона од вечер почнувам со втората Ќе си се дружам со нив овие пеколно топли денови
Леле Џејк каков е. И пораснат и разубавен Баш ме интересира каква ќе биде содржината на серијата сега Ќе треба многу да се трудат за да го одржат хуморот на ниво Би било интересно да внесат ново дете во серијата зашто Џејк више не е више оној што по грешка знаеше да се напие Вијагра, што не знае што е erectile dysfunction и buddy call и што ти не
Ја гледам серијава кога ќе ја фатам интересна ми е, најчесто на А1, или Б92. Ама и терминиве на А1 ги мешаат бе, во недела имаа 2 епизоди сега во сабота префлиле, и тоа без обавештење, ништо . Спојлер И си пукнав од мука Енрике што го пропуштив кога беше Легенди се ликовиве стварно, ама зашто бе сега без Чарли, па муто ќе биде . Иначе Џејк закон, ептен ми е смешен кога ќе се избаци со нешто.
Мона, па гледај ја на нет, што се мачиш Јас мислам дека Ештон ќе биде освежување, Чарли нема веќе што да понуди, го исцедија до даска Брат му најмногу ме нервира, толку е шкрт што ми иде некогаш да го истепа. Такво никакво човече е.
Ештон ќе биде совршена замена за Чарли не се ни сомневам во тоа Леле Џејк ама пораснал дечко ипол Баш сакам да ги гледам новите епизоди
Ештон има склучено договор на одредено време.... ќе глуми само 1 сезона нема сите сезони за жал. Омилени ликови: Чарли и Џејк
Ги гледам на b92, има секој ден и во недела 5 епизоди.. сепак без чарли нема да биде исто, ама ќе се навикнеме
Eве како ќе го вклопат Ештон во серијата, а каков ќе му биде крајот на Чарли Спојлер Чарли Харпер, музичар и плејбој кого маестрално го глуми Чарли Шин во американската серија “Два и пол мажи“ ќе биде погребан на почетокот на новата сезона. Чарли ќе загине во сообраќајна несреќа, а ќе го погребаат неговиот брат Алан и внукот Џејк, како и неговите бројни љубовници. Ален, кого го глуми Џон Крајер и Џејк во улога на Ангус Т. Џонс, после погребот на Чарли ќе имаат проблеми со неговиот стан кој ќе го купи млад холивудски агент кој ќе го глуми Ештон Кучер. Ален и Џејк ќе го делат станот заедно со него, затоа што ќе немаат каде да живеат. Продуцентот и сценаристот Чак Лок е заслужен за новите измени откако се скара со Чарли Шин. Лок пред кавгата со холивудскиот актер планирал во новата сезона на “Два и пол мажи“ Чарли да замине во Париз и да ги одведе таму и неговиот брат и внук. Шин е бесен на продуцентот кој повеќе не сакал да му плаќа милионски хонорари и да ја задоволува неговата суета. Оваа одлука Лок, најверојатно ја донел заради проблемите на Чарли со дрогата и алкохолот. http://tocka.com.mk/index20.php?ID=47497
Како и да е, без Чарли нема да биде иста серијата. Не викам дека Ештон Качер нема да биде добар, ама ќе ја нема поентата... Според мене требаше продуцентот да си ја подголтне суетата... Ај, од 19.09 ќе видиме дали грешам
Гиииии обожаааааааааавааааааааам, посебно Чарли Овде си ги гледам онлајн, постојано ги даваат http://www.giddyupnetwork.com/main.php?id=ch14
Актерот Ashton Kutcher дебело се офајдил кога реши да се приклучи на серијата „Два ипол мажи“ откако Charie Sheen ја напушти оваа серија. Според некои американски медиуми Ashton Kutcher за снимање на една епизода ќе добива по 700.000 долари, за разлика од Charlie Sheen кој за една епизода добиваше 1,2 милиони долари. Многумина тврдат дека штом на почеток на снимањето Kutcher ќе почне со 700.000 од епизода со тек на време можно е да го бутне и рекордот на Sheen и да заработува повеќе од него. http://www.svastarnik.com/soubiznis/fil ... 000-dolari
Па нормално не можи да заработват исто мислам Чарли е Чарли,ама сигурно ке му ја кренат цената понатаму,ама сепак одвај чекам да видам како ке биди со Качер,кога излегва 9 та сезона,инаку јас ги имам сите гледано по два пати,и ми фалат многу ама нејкам без Чарли ама То е сега
Ештон Качер, кој го замени Чарли Шин во хит серијата „Два и пол мажи“, во моментот е најплатен актер на американската телевизија, пишува списанието TV Guide. Со 700.000 долари по епизода, младиот сопруг на Деми Мур се најде на чело на листата на најплатени актери на американската телевизија.Џон Крајер, кој го глуми Ален во истата серија, ја зазеде втората позиција со сума од 600.000 долари по епизода. На трето и четврто место се двајца актери од серијата 30 Rock, Тина Фреј и Алек Болдвин, кои заработуваат 350.000, односно 300.000 по епизода. мислам дека алан треба појке да заработва
и јас мислам дека Алан требит поке да земат,се растури чоечено од глумење.Чарли седнат на кауч со чаша в раце и за то 1,5 мил.не е фер
лелее премногу ја сакам и сите епизоди до сега сум ги изгледала,баш ми е жал што немаме некоја програма на тв каде ке може да гледаме и нови епизоди примиерно од овие легендарни серии.но тоа ке,ке се задоволиме со тоа што ни е пружено, а интернетот-да ни остане уште долго http://www.youtube.com/watch?v=b0wMNLrD ... ideo_title еве нешто ново,мала најава за серијава(свежо од вчера)
и евеја на моја огромна жалост новата шпица http://www.youtube.com/watch?v=ER-ddwe12LU&feature=player_embedded