Уште Берта да ја вратат ко шо треба и ќе се оправат. Немора толку да ја форсираат оваа женската на Алан
ален ми е ВРВ ама децава колку се глупи тоа е невидено. А инаку дали е до мене или овој Аштон се разлепша од кога се разведе од бабетината???
Да се разубави Ештон стварно. Али добро ја скрати и косата и брадата нели па може и затоа и ни е поубав дека изгледа сега помладо. Инаку децата се нешто најглупаво собрано во една серија
Како десет години Ештон да симна кога се среди. Инаку како да се спремаше Робинзон Крусо да го глуми А децата... Кај се најдоа исти, глупавштина на квадрат.
чарли шин е најакиот слушнав дека у новата сезона нема веке да глуми он туку ештон качер и мислам дека не ја даваат веке на а1.
Децата се како Алан да им е и татко и мајка. До толку глупи бе А последнава епизода некако ми заврши многу глупо... Сеа едвај ја чекам наредната, не за друго, туку бабиве ептен интересни ми станаа. И да повтореме, Alan, shut up! П.С добро објаснување даде за чајот
Мојата омилена серија Моментално ја гледам на канал визија.. само таму ја емитуваат гледани прегледани ми се епизодиве ама пак се интересни бе ! За новата сезона неможам многу да коментирам пошто не ја ни гледам, баш би сакала да видам дали Ештон може да го доулови ликот на Чарли Харпер, како што тоа го направи Ч.Шин
Серијава прв пат ја гледав во Црна Гора, кога си дојдов продолжив да ја гледам и тука една од најинтересните серии
Серијава без Чарли SUCKS! Заразена бев ептен неделава да ја изглеам, и ја изглеав 8ма сезона, и 9та почнав..... Чарли Харпер умре ..... и престанав да ја глеам. Сериозно, нека најдат начин да го вратат оти без него пропаѓа серијата. И како како, не сваќам, како умрел? Сакам да глеам што глупоштини прави тој, а не како се занесува Аштон. Најјача сцена http://www.youtube.com/watch?v=Yxas-KutP-c Бај д веј, со Роуз остана бе... Некако многу ме нервираше Роуз.
Не се надевај многу зашто се скараа продуцентите со Чарли, и мислам дека нема теоретски шанси да се смират, па и да се врати плус. Крајно невозможно. Како умрел....што знам што е битно. Се скараа, раскинаа договор за снимање и Чарли повеќе го нема во серијата. Не е некоја драма или мистерија па сега да навлегуваат во детали што, како и зашто умрел. Едноставно требаше на некој начин да се заврши со тој лик. Нема ништо за сфаќање
За смртта на Чарли во споилер: Спојлер Според приказната која ја кажуваше Роуз на неговиот погреб, Чарли го удрело воз, кога побегнале заедно. Според нејзината приказна... а колку е таа вистинита можете сами да одлучите. Ете толку А за тоа дека навистина е мртов, имаше доста случки со неговите остатоци (кремирани). Што значи тоа е тоа (освен ако не измислат нешто друго). Јас и дадов шанса, па ок ми е. Интересни ми се, посебно Џејк, го има доста во втората половина на новата сезона.
http://hitportal.com.mk/Show_Bizz-detai ... cher-foto/ Ех, зарем требаше оваа да ја вметнат во серијата?
Не ги гледате новите? Јас апстинирав од серијава откако Чарли ја напушти, и чекав да стивне фамата Ештон Ка(у)чер, и неговото доаѓање. И еве деновиве си ги изгледав 9та сезона и овие од 10та. Да бидам искрена, јас серијата ради Алан ја гледам, ма го обожавам, тој ми е најоткачен. Џејк имаше некои добри моменти кога беше мало дебело дете, а сега пораснат, готвач во војска - не. Стварно го отупеа уште толку детево, а и не ни го даваат толку често, фала Богу. Валден има некои светли моменти, еден во една епизода ама ништо посебно. Не ми е по мерак. А ни Чарли не ми беше, кога ќе видиш. Алан бре е човекот. Oва беше најјако пред 2 епизоди, во 3ка демек. Ален многу либерален. Јас можам вака до утре.
Уште си ја сакам серијава, многу се смеам со Алан бре, закон си е човекот. Ме нервира Мајли малку, односно нејзината улога, ама како што читам по нетов живнала малку серијата со нејзиното појавување.
И Берта ја изоставија, тука е ама само на минутка во една епизода, треба да ја има повеќе. А кога ја видов Роуз ептен антипатичен лик ми е. Џејк отсекогаш ми бил интересен, јас мислам дека треба повеќе да го има. И што се случи со Евелин, мајка му на Алан? Воопшто ја нема во сезонава?