Мене сезонава многу ми се сфиѓа. Ештон се уходува во улогава, воопшто не е лош. Баш му одговара оваа улога, убав, згоден, паметен и богат, за разлика од Чарли што ми беше крајно антипатичен Бљак. Али Алан дефинитивно ја прави серијава Страшно многу добро му стои улогава, незаменлив е.
Аштон конечно навлезе во улогата,ама сепак серијата е поинаква без Чарли го нема онај сарказам за кој што најпојке ја гледав серијата....а и време да покажат некој ликој други како на пример психијатарот на Чарли многу јака ми е та,а и мајка му на Алан не ја покажват многу
Морав да пишем- едноставно АЛАН МИ Е ОДВРАТЕН!!! ОДВРАТЕН!!! На почеток првите 4-5 сезони беше смешен, ама сега ептен очигледно ги користи сите, не мрда од куќата! Ја до 5 епизода на 9 сезона сум. неможам да ог поднесам, ми се гади!!! Се стави и кај овој да живее, пред тоа на чарли му крадеше пари... абе гнаса! Мразам такви луѓе и не ми се смешни дури ни на филм!!!
Не ми прави некој голем мерак оваа сезона. Ја гледам онака заради реда али не е тоа тоа. Инаку да фали мајка му на Ален да ја има повеќе, баш ми е интересна и смешна. А, Ален ми е онака вагабонт невиден
Реакцијата на Валден за втората жена на Алан. Nooooooo, no, no, no, no. Најглупото нешто во епизодава беше тоа што папараци ги сликале Алан со бившата жена, кај нејзе дома, па излегле на нет. Напушеното смеење на Валден и Берта.
xaxaxaa е прејака ми е Кенди многу јако глуми глупа.Најпојке се смеев ко му рече Алан дека давал 110% за сексот да му е убав и та ко му рече а замисли појке да даваше хахахах Алан кутриот секгаш тој заебан е
Главна карактеристика на серијава беше цинизмот преку хумор, без Чарли тоа веќе не е тоа. Дури и Берта не ми е веќе смешна . По навика сеуште ја пратам серијава, не е кој знае колку лоша, ама најглупаво нешто им е Роуз , мислам јесте да им е комшивка, ама пак истата приказна со неа..? Не, не.. немаат веќе идеи.
Леле, 15-тата епизода Врвот во сезона. Се изнасмеав Само поради Џејк, напоменав веќе еднаш, многу недостига во серијава, треба да го има почесто. Детето ќе му се вика Волден Харпер или Алан, а можеби и Џенг Џао. Затоа што секое трето родено дете е Кинез.
Сезоните без Чарли ги иам изглеано поише пати и исто се смеев на секоја епизода. Откако го тргнаа, веќе не е тоа тоа. Се форсирав да ја глеам и последната сезона без него, ама се откажав. Си го сакам Чарли.
Огромен фан сум на оваа серија и ја ставам на врвот на комични серии, но само додека беше Чарли.. откако почнаа новите епизоди, како да почна друга серија, изгледав неколку епизоди и престанав, си се навратив на серијата од почеток. Кој што сака нека каже, но никој не може да го замени Чарли, а баш он ја прави целата серија.. Инаку, сите ликови ми се посебни, секој си има свое посебно место и секој од нив ја има доловено улогата баш како што треба.. не можам никого да одвојам Патем, ова е една од сцените која ќе остане вечна http://www.youtube.com/watch?v=aBWVzzoYzFU
И од оваа има нова епизода. Претходната сезона мислам не беше нешто јака, ама оваа има добар старт. Спојлер Чарли имал ќерка која сега се појавува. Прејака е глумицата, глумеше во The sisterhood of the traveling pants и е слика и прилика на татко и. Ептен јак крај на епизодата патем. Ми ветува оваа сезона.
И мене ми се допадна првата епизода, се надевам на подобра сезона. На Волден му се допаѓа глетката секое утро, затоа се согласи. Џабе му е, колку и да негира дека не сака гужви, секогаш има место за Алан и фамилијата.
Мене па баш некако не ми се допадна епизодата. Спојлер Изнасилена ми беше, почнаа да ме нервираат коментарите на Волден за Алан, па веќе ако некој толку ти смета нормално нема да го оставиш да живее со тебе. Треба малку да го намал тој дел. А и ќеркава на Чарли не ми се свиѓа, ајде сеа, ќе ги гледаме за жени како се натпреваруваат. Џабе е, не можат да го вратат Чарли. Ќе ја гледам следната епизода, ама мислам дека ќе ја завршам. Може после крајот да го изгледам само.
Далеку сум од единствена. Ештон не е лош глумец и се` тоа, но серијава навикнав да ја гледам со Шин и посебен печат и` дава на улогата. Не ми е убаво сега. Некои епизоди ме смеат и вака, но...почнаа да утепуваат.
Океј ми беше новава епизода со оглед на тоа што претходната сезона ми беше подосадна. Се надевам дека ќе се подобрат во оваа сезона сега кога има нов лик.
Од супер, серијава ја направија ок-ish. Си има моменти, но тука се завршува. Ај што отиде Чарли, ама поради него, во интерес на прикзната лека полека отпаѓаат (или веќе отпаднаа) и мајка му, Џејк, Роуз, Џудит, докторот, а Берта освен што пушта лиги по Уолден, ништо друго не прави. И сите тие напони на сценаристите да го воскреснат боемскиот живот на Чарли преку новововедената ќерка ми изгледаат исфорсирано. Се на се, ко нова серија да гледам...
Последнава епизода беше супер. Кога сопствеников на мотелов дојде по Волден во собата, а овој се фрли од прозор Последната сцена беше урнебес. И новиот идентитет на Алан:
Гледам оддамна никој не пишал во темава. Веројатно поради тоа што малце отупеа со крајот на претходната и почетокот на оваа сезона. Више дури не ми е ни смешна серијава. Среќа што ќе биде последна оваа сезона! Старите епизоди беа урнебес, ова сеа е стварно да ја гледаш ако немаш ништо попаметно во моментот.