1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Два метра под земја (Six feet under)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Ema.Sk, 9 август 2012.

  1. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    4.758
    http://www.imdb.com/title/tt0248654/
    [​IMG]

    Six Feet Under е американска драмска серија која ја креирал и продуцирал Alan Ball ( истиот од серијата Лост ). Има 5 сезони и 63 епизоди. Главно дејствие е фамилијата Фишер која води погребална фирма. Главни улоги: Peter Krause, Michael C. Hall, Frances Conroy, Lauren Ambrose, Freddy Rodriguez, Mathew St. Patrick i Rachel Griffiths.
    Серијата имаше многу позитивни коментари,критики посебно во односот на сценариото и глумата а критичарите често ја зборат како најдобра серија на сите времиња.
    Добила бројни награди вклучувајќи и 3 Златни глобуса и 9 награди Emmy.

    Јас сум до втора сезона,морам да ја изгледам но неможам маратонски.
    Сите што ја почнале барем тоа го кажале,те преморува со една на ден и имала многу добар крај. Проклето се јако изработени ликовите, ќе си помислите дека ги знаете цел живот.
    Можеби на почетокот ништо не ветува серијава ама дајте и шанса.

    Омилен ми е Натаниел Фишер

    [​IMG]
     
    На Freckles, Hipster и Trnche им се допаѓа ова.
  2. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Искрен мене не ми се допадна серијава. Може треба како што викаш ти да и дадам втора шанса
     
  3. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    Јас сум тазе заразена со серијава (тазе подразбира еден месец :D ).

    И во право си, единствена серија од мноооогуте што ги имам гледано и ги гледам што не може да се гледа маратонски (дури и Мед мен може донекаде да се тера маратонски). Барем јас не можам, секоја епизода е приказна сама за себе, па се фаќам како превртувам напред назад откако ќе заврши епизодата, пазам цитати, ловам моментим фацички, абе урнебес. Сношти ја почнав втората сезона и цела вечер останав само со првата епизода :D (Колку за илустрација, минатото лето изгледав 7 сезони на Криминал мајндс и 5 сезони на Декстер за нецел месец :D ). Ликовите се фантастични, приказната извонредна, оној црниот хумор е на врв, ма не знам што повеќе да кажам.

    Не можам да издвојам омилен лик, буквално сите до еден ги сакам, ма ги обожавам, сите се посебни на некој свој начин. Нејт е бонбона, со Бренда ми се пар-непар. Дејв е цар - тој со неговите трипови како ме смее, значи тоа е неверојатно :D Типов (актеров) мислам дека и природно си е таков летаргичен, стил мува не ме лази, и во Декстер и овде :D Ама толку му е легната улогата, тоа е чудо. Клер нешто ми е како во сенка во досегашниве епизоди, мислам дека допрва ќе има дешавки со неа, што никако не значи дека не е добра, напротив. Исто совршена е во улогата, многу добро го доловува оној момент на „осамено, подзаборавено трето“ дете, се гледа дека на некој начин и` фали татко и, поточно блискоста што ја немала со татко и` дур бил жив. Мајката е лудница :D - дефинитивно најсмешен лик. Женава плени, си го живее животот, прифаќа се`, либерте за сите пари, царица е :D Овој Николаи моменталниот и` дечко ми е многу смешен исто...Фредерико и жена му, двајцата будали опседнати со работата, јак момент ми е што жена му му е неверојатна поддршка и потпора, целосно ја сфаќа страста на маж и` кон работата и дури му се придружува во таа страст, знае да цени..а работава е повеќе од неконвенционална, мора да признаеме, па дури и за Америка :D

    Се` на се`, ми се потрошија веќе епитетите за серијава, а и смајлињава како што гледам :rofl: Не знам што ќе правам кога ќе ги довршам сезоните, не се многу нели.

    И се` уште не ми е јасно како претходно не сум ја загледала серијава. :fubar:
     
    На Ema.Sk и Camellie им се допаѓа ова.
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Серијава е фантастична, една од подобрите кои сум ги гледала до сега во мојот скромен серијоманијачки век. Сеуште сум на почетокот, ама ја гледам пополека нешто како Менталист, затоа што е навистина вредна да се гледа пополека.

    Рецензија кога ќе ја изгледам барем првата сезона.
     
  5. Freckles

    Freckles Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    Зашто мислам дека Алан Бол не е вмешан во Лост? :)

    Како и да е, серијава е вистинско совршенство. Секој што се декларира ко серијоман, мора обавезно да ја изгледа. Не е серија уствари него животот прикажан преку серија. Мал милион приказни, реални проблеми, сите среќни и помалку среќни моменти, прикажани без цензура и реално до коска.


    Не ми текнува на друга серија која што имала толку совршен крај. Кога ја завршив бев комплетно mind blown. Само ѕверев во мониторот плачејќи.
    http://www.youtube.com/watch?v=eNwARV9tPUw
     
    На Trnche му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Многу ветува ама и бара серијава, како што читам.
    Немам толку време, пре би некоја набрзинка да ја изгледам.
    И само ја чувам оваа, за некое подобро и послободно време.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.818
    Допаѓања:
    38.321
    Пол:
    Женски
    И јас исто, ја почнав одамна и ми беше многу интересна, ама не знам од која причина тогаш ја прекинав. Сега се токмам пак да ја гледам ама никако да најдам време.
     
    На Ginger^ му/ѝ се допаѓа ова.