Два факултета истовремено

Дискусија во 'Образование' започната од ceca-1, 29 јули 2010.

  1. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    4.970
    Што мислите за изучување на два факултета истовремено(еден редовно,друг вонредно)?Колку е тоа практично и дали познавате некој што го прави тоа?Кои се придобивките а кои негативностите?
     
    На howdoyoudo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    114
    Негативности:
    1.Немање време за други обрврски.
    Предности:
    1 Ке имаш 2 дипломи.
     
    На mackica-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.532
    тоа ми е желба од малечка :)
     
    На Victorya му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    24.717
    Мислам дека е тотално непотребно. И онака не можеш да работиш две работи истовремено, а ако сакаш да се надградиш во друга област, подобар избор се последипломски, така доббиваш и повисок степен на образование, а помалку ќе се измалтретираш. Според мене, два факултета едновремено не носат апсолутно никаква придобивка. Само ќе пропуштиш неколку години од животот, затоа што по цели денови ќе треба да учиш дома.
     
    На Vik'Toriah и mackica-1 им се допаѓа ова.
  5. A.srcuska

    A.srcuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    20
    и јас се согласувам со Ариел,точно е дека има придобивки но подобро би било да се магистрира во областа која што ја сакаш па потоа да посетуваш додатни курсеви и слично доколку сакаш да се надоградуваш.Во денешно време не потребен и факултет туку курсеви како они на Александрија колеџот и слично за да имаш еден вид на диплома
     
  6. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    4.970
    Значи за да се запишеш на два факултета треба да имаш за едниот факултет оригинал документи а за другиот копија заверена на нотар,така?На кој факултет се даваат оригиналот?Сакав да се запишам на Кирил и Методиј како вонредно и на Гоце Делчев редовно и со копиите заверени на нотар бев на Кирил и Методиј ама ми рекоа дека мора оригинал.А од Гоце Делчев не ми ги даваат оригиналот истотака.И сега како оди тоа да се запишеш на два факултета кога не можеш да имаш два оригинала документи.Што да им кажам?Ако знае некој како оди таа работа нека пише или ако познавате некој што е запишан на два факултета како се запишал.
     
    На howdoyoudo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.461
    Точно ли е тоа дека ако се запишеш на втор факултет вонредно, студирањето е бесплатно? Ај плис ако има некој повеќе информации, нека пише.
     
    На howdoyoudo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Jas se interesirav za paralelni studii na filoloski fakultet godinava i vtor fakultet ne e besplaten, MI kazaa deka se plaka kako za vonreden student odnosno so kofinansiranje, osven ako ne podneses molba do dekanatot zaradi visok prosek na prviot fakultet da ti odobrat da plakas 200 evra. Besplatno, ne postoi opcija, (citiram) takva kvota vo makedonskoto visoko obrazovanie ne postoi.
     
  9. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    275
    И јас се мислев да се запишам втор факултет,овој ми е малку несигурен,многу се каам што се запишав но нема назад.
    И јас имам слушнато дека на гоце Делчев ако се запишеш втор е бесплатно ...
     
  10. MissC.C.Bloom

    MissC.C.Bloom Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Хмм .. што знам добра е идеата , но не е изводливо како што кажа некоја членка погоре, нема да имаш време за ништо ... а не е лошо да се има од две различни струки , па ако не запали едната тогаш другата.
     
    На Victorya му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.066
    Допаѓања:
    1.605
    Dva fakulteta istovremeno? Da si zapisan na nekoj lesen fax , pa da se zapises i na vtor. Ili ako imas golemi finasii na dva privatni :D
     
  12. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    485
    И мене од малечка ми е желба да учам редовно медицина и кога ќе ги земам последните години од факултетот да се запишам вонредно на некој приватен економија, бизнис, менаџмент... нешто сосема поразлично од медицината.
     
  13. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    116
    еден е доволно :D ќе немам време за ништо ако сум на два :D
     
  14. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    45
    Ова ми е мене една од најголемите желби.Едниот факултет за професорка по македонски јазик во средно,другиот за психијатар.Ама дали ке ми се исполни е прашање на време,има мн време до тогаш.
     
  15. MandyLane

    MandyLane Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    9.547
    Пол:
    Женски
    Истовремено за мене не е изводливо, од повеќе причини, но кога здравје Боже ќе го завршав ова сега што студирам, сакам вонредно да се запишам психологија. Затоа што всушност тоа ми беше желбата, тоа беше тоа што го сакав, ама се запишав друго...
    АМА не си ветувам ништо на себе, затоа што јас сум човек со милион желби и милион планови, така да...
     
  16. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    Многу сакав да се запишам Шпански јазик но се запишав економски,така да ако завршам навреме и се биде како што треба ќе си се запишам и на овој што највеке си сакав ;)
     
  17. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    2.852
    Допаѓања:
    3.166
    Какви курсеви има на универзитетот Александрија и колку чинат?А за 2 факултета истовремено мислам дека е лош избор. Другарка студира на 2, прави само трошоци, патува до Охрид и Штип и нема брзо да заврши ниту со еден а има 29 год. Мислам дека е лоша опција,кај нас нема многу перспектива,па јас би се надградувала преку неформално образование.
     
  18. MorganMonroe

    MorganMonroe Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2013
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    41
    јас лично не препорачувам. не сум била јас запишана, ама имам многу другарки кои се запишале на два факултета и ни една не успеала двата да ги заврши, сите испаднало еден многу долго да го завлечат. ако веќе некој се одлучи за два факултета, што е секако за поздрав, мислам дека прво треба едниот да го заврши па да почне со друг.
     
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.098
    Допаѓања:
    8.866
    Пол:
    Женски
    Не е баш прикладно за темата , ама ако знае некој да ми одговори , ако си запишан на вонредни студии дали може факултет на пример што трае 4 години да го завршиш за 2 ,т.е да полагаш испити и да земаш 2 години во 1 ? Или мора да ги полагаш само тие испити што се предвидени за таа учебна година ?
     
  20. Tijankata

    Tijankata Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Вака имам еден совет за оние кои планираат да се запишат на два факултета. Мислам дека причината за запишување на два различни факултета е желбата за учење едно, а запишување на друго поради подобри можности за вработување. Ако не сте сигурни во изборот на првиот факултет, не се запишувајте веднаш на вториот. Предлагам да почекате една година и за време на таа година да ги набавите книгите потребни за вториот факултет и да ги разгледате, да видите дали би можеле да се носите со тежината на материјалот. Ако ви изгледа лесно тогаш почнете со учење и со предметите од вториот факултет, пресметајте дали ќе постигнете, односно издржите за време на таа година. Ова ви го кажувам за да видите дали парите што ќе ги потрошите ќе во отидат залудно или не. Ако добро се носите со тој товар од два факултета, повелете запишете ги. Среќно.