Мислам дека овој ми е доволно тежок за да почнам некој друг. Ако понатаму сепак за некое вон нормално чудо одлучам да го надоградам своето знаење тоа ќе биде со некој курс дефинитивно.
Јас имам близок пример во семејството кој судирал два факултети паралелно и успеал да ги заврши во рекордно време, и тоа електро и правен. Кога и да го прашав како постигнувал, ми кажуваше дека ако си го испланираш времето за се`, ќе имаш време за се`, и ако имаш желба и си упорен и тоа те исполнува, тогаш зошто да не? Јас лично не би. Не се сметам за толкав интелектуалец и дипломата не ми е некое уживање во животот, колку што ми е желбата да научам и да се надоградувам, не мора да е официјално на факултет, некои работи и без факултетска диплома се учат и се признати.
Имам една братучеда која оди на 2 факултета истовремено.. На фиолошки и економски факултет.. Вика дека и било многу лесно на фиолошки па затоа се запишала о на економски. На фиолошкиот оди редовно а на економскиот вонредно
Јас едниот го завршив А вториот го баталив,оти тешко ми беше,дали заради тоа што се во два различни града
Имам другарка која заврши два факултета, еве ја сега работи продавачка во бутик чека за еден месец да и излезе бугарскиот пасош и да замине од земјава.
Ете, повторно нашата чудесна Македонија! Е токму ради ова ниеден не ми се запишуваше, кога не ми се ни фаќа книга и така. Ама сепак одбрав да имам надеж и си одбрав професија. Па и да работам у бутик после, шо ако де, не е некоја лоша работа. Јас одма можам да влезам во бутик, имам врски на доста места, ама чекај прво да се обидеме на потешкиот начин.
Здраво, вгодина сакам да се запишам на два факултети одеднаш. Дали знае некој дали е тоа возможно и доколку е возможно кои се процедуроте за тоа нешто?
Јас мислам доколку сакаш два факултети подобро е истовремено и во 4години да се зема двата одколку да трошиш 8години за два факултети
Јас со еден не можам да излезам на крај а не па со два. Инаку, имам една другарка која се запиша на два факултета, на едниот сега е втора година а на другиот е прва па како ќе се одвива ќе видиме. Се надевам дека нема да има проблеми освен недостаток на слободно време.
Познавам едно девојче што учи 2 факултети одеднаш, медицина и хемиски и и се софпаѓа крајот на медицина со хемискиов и вели дека и е супер малку дека е тешко ама со учење се се постигнува
Добар ден дечки, дали некој имал искуство со паралелни студии, т.е. кој документи се потребни за упис на вториот факултет. Барав по сајтовите од министерствата, и во законот за високо образование, но никој точно незнае што треба? ХЕЛП..