Сарказам на ниво! Одлична е серијава. Да си се насмееш, да си се релаксираш, да си баталиш проблемите од денот. Мака ми е што морам да чекам по 2 недели за нова епизода. Ја сакам Макс зашто за се има капаче, ја сакам Керолајн зашто е вечити оптимист. Следна епизода 9ти април? конечно ми се отвори темава
Последнава епизода, веше една од послабите искрено, најдсадните до сега. Најмалку хит моменти имаше, на прсти се бројат. Најглавна случка-Макс, плати данок, алелуја И тое не ми беше ич логично, ама ај да не ги гледам сите работи од правен апект серија е Само една реченица ми беше НАЈЈАКА на свет, или пак, за жал неможам истото да го кажам
Така како што сте ја опишале повеќето, серијава е релаксирачка, интересна со толку добри и смешни ликови. Ја изгледав маратонски, и отсега ќе морам по една епизода да чекам За втора сезона еобновена, моментално е една од најгледаните серии во Америка и најгледана нова серија.
Јеееиијјј излезе денес нова епизода... Spoiler Едвај чекав Џони да се врати, ама мислев дека ќе се смират со Макс вака не е фер... Се радувам ако им тргне бизнисот, сега имаат јаки контакти - Марта Стјуарт И многу ме изненади Хан, кога дојде со коњот, и него за нешто го бивало
Ајде заврши сезоната. Spoiler Интересна беше, ама глупава ми беше некако целата ситуација со Џони, ме нервираше цело време. Само се надевам дека ќе им мрдне бизнисот во наредната сезона.
И ни заврши Ах, Џони, колку време чекав да се врати, и за што? Опортунист... Нели не го сакаше Менхентен, снобовите? Jerk Ама прекрасни беа и двете на галата, посебно Керолајн. Spoiler Колку се смеев на ова или пак Се на се одвај чекам следна сезона, ми прираснаа за срце P.S http://blog.games.com/2011/10/10/cbs-tv ... gamesalad/ Ѕверки
Ги имав првите 4 епизоди подолго време симнато, и незнам зошто не почнав одма да ја гледам. Ме расположуваат секогаш и премногу се интересни. Царици! Макс има интересен карактер и секогаш става капак на се, а пак Керолајн не изгледа како типична бивша богата плавуша. Баш ми е интересен нејзиниот лик. Но дефинитивно онаа богаташката со близнаците никој неможе да ја замени . Највеќе се смеам на сцените со неа. Но некако поретко ја даваат. Сакав сега да прашам колку сезони има серијата? И која моментално се снима? Зошто јас само ја имам прва сезона. Има уште?
Серијава има само една сезона бидејќи е нова почна да се прикажува лани во септември. Втора сезона ќе почне исто од септември
Aaaaand they're back Spoiler Одличен старт на сезоната, конечно го видовме татко и на Керолајн, ама јас ич така не си го замислував. Добар хумор како и секогаш.
Претходнава епизода ми беше ептен фан, поготово Spoiler фацката на Керолајн кога уринираше се изнасмеав, иначе жал ми е што и се скина ѓерданот, сега е пократок, а баш беше по тоа препознатлива Spoiler
Единствена ли јас тоа само се посомевав дека по грешка сум ја пуштила прва епизода наместо втора и обратно? Некако тие епизоди како да требаа да идат со друг редослед, ама нема врска. Макс, подобра него кога и да било Spoiler П.С Се надевам дека ке го врата наскоро Џони
Која ретардо сум, пуштав на рипит една сцена од претходната епизода и се смеев на глас 10мин Spoiler (онаа кога Керолајн ќе рапува за емисијата) растур прават и со новава сезона, бравос
И мене ми беше малце послаба последнава епизода. Ми се сфиѓа како ја убацуваат Стифлерс мом во правите моменти, да ги зачини стварите
Кенди мен бре кенди мене Баш е секси. Али се опушти Кер, колку е луда, се изнасмеав епизодава И Макс бре, никогаш не потфрлила Супер епизода, екстра! НО ЏОНИ ГО САКАМЕ НАЗАД!!! Не е фер само Кер да е хепи а Макс не
Да, одлична беше епизодава. Добар е Кендимен. :geek: Ајде сега и на Макс да и најдат некој што ќе и парира, дупло да се посмееме.