Смешна ми беше епизодава, ако не се одвива работава како што кај сакам(нема згодни мужи, нема сексови, нема пари ) барем се тролаат.
Пре пре пре добар завршеток. Хистерично смешен, малку харш вордс, право дригарство и на крај бизнис! Преубаво е новово местенце, ептен е слатко за капјекј стор. Spoiler И најдоброто за крај, Царица Одвај чекам 3та сезона, одвај. Мислам дека оваа беше најдобрата епизода до сега.
Now i know how balls feel Добра епизода, се радувам и јас на новиот почеток, а собичкава е закон (прозорите ми се преубави ). Моментот
Ги изгледав двете сезони дур да речеш кекс.Сега ми е криво,не ми се чека до септември. Уште кога ја изгледав првата епизода,знаев дека серијава ветува доста добар сарказам и многу смеа. Се излажав само за Керолајн.Мислев дека ќе тераат во фазон на глупа,богата плавуша.Морам да признаам дека позитивно ме изненадија,Керолајн испадна многу паметна и откачена девојка и секако со неверојатен сенс за бизнис. Макс си е едноставно Макс.Нема што да се каже тука.Те уништува со две реченици и сепак не можеш да и се налутиш.Што се’ не му вели на Хан,а тој бубаче,едвај се научи во вторава сезона да и врати Само Ерл може да и парира во задевање Мене врв во серијава ми се кратките моменти со Олег.Кој лик човече,не ми се верува.Многу е забеган со неговите постојано напалени коментари.Додека беше со Софи се смири малку,ама пак си го носи тоа во душа,не го дава Spoiler Најјаки моменти ми се во авионот кога Керолајн и Макс се сликаа со тој раперот и втор кога Софи дојде да им каже дека Олег ја изневерил и почна да писка и да крши.
Да не е Макс серијава според мене нема да е тоа тоа, ни приближно! Ми се допадна епизодава, Макс во центарот како и секогаш. Spoiler И според мене конечно треба да им најдат мужи, доста им е сингл лајф, малку акција да видиме и ние што е ова... Се на се океј беше епизодава, солидна.
Сличиња од серијава сето тоа во споилер: Spoiler И тоа не е се. Ако ви се допадне првиот споилер, отворете го и наредниот. Spoiler
За 5-6 дена ја изгледав цела, го заразив и брат ми. Премногу јака серија, чекам да испаднат и другите епизоди од трета сезона. Топло ја препорачувам.
Дали тоа Макс сакаше да ќари уште еден британец? :geek: Штета што умре... Ми фалеа девојкиве, супер им е продавничката
Конечнооо.. Ми фалеа.. Сега ќе си чекам епизода за епизода, само кажете ми како излегуваат сега го изгубив редот
Spoiler Амммм, океј. Новава епизода ме натера да се подзамислам за серијава. Нема воопшто правец, хуморот веќе станува тапа. Што беше работава со sick of you, ама ја надуваа работава. А и Керолајн почнува да ми гази по нерви, го претера со тоа панталоните. Макс целосно ја превртеа, да бе, I love you, па го тресна телефонот, па не знам што. Епа не ми се свиѓа Макс во тој стил. Се мислам и оваа да ја исклучам од листата, па крајот да го ѕирнам.
На мене серијата многу бргу ми здосади, не ја ни догледав првата сезона. После Пријатели, ниеден друг ситком не ми фати око, а и не сум некој фан, повеќе сакам серии од типот на Хоумленд и Фринџ. Комедиите тешко поминуваат кај мене. Иста сум и за филмовите, ретко која комедија ме има насмеано до степен да останам без воздух. На почетокот стои интересна, ама не ме привлече да ја догледам.
Јас ги изгледав 2те сезони одеднаш и овие од 3та сезона, и затоа што нема некоја посебна серија-комедија (освен Friends & Modern family) што ми го привлекла вниманието, оваа е ок за тепање, али се согласувам со вас што ја гледате редовно серијата, да чекаш толку време за епизода и да биде просечна, секако ќе се откажеш. Подобро 2-3 нека се соберат, ете ти 1h релаксација на мозокот. * Олег и Софи ми се најинтересни, Хан е мало мече, Ерл фраер, а Керолајн и Макс супер си се надополнуваат.
Ќе мора да се согласам дека квалитетов полека но сигурно, опаѓа сезонава. Рано е да се збори, навистина, ќе збориме на крајот на сезонава кога ќе заврши но последнава епизода навистина беше благо ретардирана. Макс не е Макс ако се лигави и се понаша ко тинејџерка, едноставно не и личи. Како да немаат идеа каде ди ги движат настаниве, како да немаат иновативни едеи повеќе, па тупкаат у место со некои патетични моменти. Им фалат МУЖИ не знам колку пати треба да се напише и каже, инаку од 2 брок гирлс, ќе ги преименуваме во 2 калуѓерки. Доста е апстиенција Фали некој свеж нов лик во серијава, мене Софи ми станува досадна и исилени ми се со овој русинов, му го заборавам името.