Нула. Разочарана сум...Ќе ја изгледам и следната епизода и ако не се поправат,ги бришам од список. А ептен со нетрпение ја чекав новава сезона
Им треба мужиња, им треба. Ако продолжат вака, се ќе укакаат. Со мужиња можат да направат одлична сезона и да се извадат за последиве епизоди, па и да ја завршат нема да биде трагично. Ретко која комедија има долг рок на траење.
Не дека беше нешто воодушевувачко серијава, ама до толку да ја загрдија и запустија не ми се верува дека ќе кажам дека е тотална пропаст станата серијава. Тешки глупости, тешки, ни еднаш не ми навлече насмевка, само превртував очи. Нека ја укинат у брзо време, доста се мачат и они и нас..
Значи јас мислам дека со последнава епизода ја спасија цела созона, толку смеење одамна немам дадено а поготова не на 2 броук грлс.Се надевам нема да ја затупат пак.Изгледа Хан бил клучот за подобра сезона.
Хан е најдобар лик, последната епизода беше најдобра. Хан и Софи ми се многу посмешни од двеве шворц девојки кои мелат како празни воденици.
Јас повеќе се смеам на репликите на Хан, отколку на таканречениот хумор на Макс. Самата негова појава ми е смешна, не мора ни да ја отвара устата да каже нешто. Фацичка ми е Заради него продолжив да ја гледам серијата. А последната епизода, врв беше мајка му на Хан
Макс има дечко, Макс има дечко! Многу си го сакам типот, редовно го гледам како се убацува низ серии и филмови, баш е срцка. Ми има потенцијал нивната приказна, во мој очи мрдна од мртва точка серијава. Французинот без маица....аиии мамита.
Kаков спојлер тајгерче, ама за арно за убаво е штом е љубовно/сексуален се простува. Фино си одговараат стварно, туку ај Макс, Каролајн море бре бре ќе се омрси со професорон Абе згоден е актерон, уште од браќа и сестри му имма фрлено око, ама стар е за неа бе, татко може да и биде. Фина ми беше епизодава, ептен фина. Тамбс ап :up:
Јас уште не кревам раце од серијава... а и неделниот распоред ќе ми го расипе ако ја откажам Дечково со Макс ми е... машка верзија од неа, вчера добро ја изреметија Керолајн. Само не знам дали ќе ги направат капл со Макс, некако не ми иде во тој правец
Сте приметиле како Макс уз глума малку знае да се поднасмее?! Мене искрено ми пречи така што не останува сериозна на сцените...
BOM!!! Ми олесна за неа барем некој од нас се омрси, кхм Абе не е Џони, ама не е лош и овој, ми се смачи да ги гледам во калуѓерски изданија. И Макс не беше лоша епизодава, имаше моменти. Spoiler
Nooooo ! Please don't give up on Max and Caroline. Мене серијава ми е одличен World off - Relax on thing. Јас воопшто не сум љубител на комедии, многу сум тешка на хумор, но оваа едноставно ми го има вниманието постојано. Се смеам на смешките, од срце. Дури јас сама на себе сум си чудна. Епизодата со мајката на Хан ми беше омилена. Хан, Софи и Олег ми се многу смешни, а морам да признаам серијава има неверојатно добра актерска екипа. Хуморот е солиден, а ликовите неверојатно интересни. Последнава епизода ми е и така и така. Овој новиов на Макс е добар тип, но некако ми немаше смисла епизодава со него.
Да де, Дик дотеран со кошулче и џемпер, со стајлиш патики, а живее во контејнер. Не и кликна саатот на Макс досега? Па Олег бре живее во стан со вртечки кревет, дечково го направија мизерен. Хан е чудесија од човек, само што ќе се појави во кадар одма ми се шири насмевка, а камоли уста кога ќе отвори.
Мене серијава баш ми се допаѓа, особено последните две епизоди. Со нетрпение ги очекувам вторниците за нова епизода. Не ми се допаѓа дечково на Макс што и го одбрале, но пред тоа го затупија нејзиниот лик па сега си дојде ви нормала. Керолајн си остана таква каква што беше од почеток, лудата девојка а и стајлингот нејзин ми се допаѓа многу. Како и да е, ќе ја гледам до крај серијава, се надевам ќе им истекнат многу идеи за да има повеќе сезони.
Само јас не се откажав од серијава? Гледам никој не коментира. Како и да е, премногу се смеам на последниве епизоди, пресмешни се. Приметив Дик го нема некои 3-4 епизоди, баш би сакала да го тргнат од серијава ама пак мило ми е за Макс што е конечно среќна. Фали сега на Керолајн да и најдат некој ерген, тоа со Николас се гледаше дека нема среќен крај.
Јас ја гледам серијата редовно И јас се радувам за Макс и Дик, а многу ми е интересна Керолајн. Супер пар би биле со Николас А Хан и неговите испади ми се врв! Посебно во последнава епизода за св.Патрик
Ги немаше Хан и Софи епизодава, или било кој од старата екипа но сепак се смеев. Spoiler Ги запозна Макс родителите на Дик шо ги запозна, се очекуваше дека ќе оплеска нешто. Не очекував дека ќе го затворат школото, кај баш сега кога им тргна и исто се изненадив кога Дик рече дека сака да го купи. Е тогаш баш се израдував па дури и помислив дека ако направат така можеби ќе нема друга сезона, не дај боже. Па можеби и добро излезеше шо неговите му направија така .