Што очекував од сликата што ја видов а што излезе Солидна беше епизодава. Линдзи ми е супер глумица штета што се упропасти.
Серијава отиде... Се што може да ја спаси е да не се врати оној Дик до крајов на сезонава, интересен беше ама со Макс ми беа ептен лош пар. Последнава епизода беше прва така подобра во редот на лоши епизоди. Остануваат уште 3 до крајот, да видиме дали ќе вреди да има 4та сезона
Многу беше добра последнава епизода. Мене ми е мило што ги снема Дик и Французинот. Сега се вратија на старо.
Смотана епизодава Забегаа малку продуцентиве, дај боже да се управат, не сакам да ја укинат серијава. Би сакала во последната епизода да направат еден БУМ, да не вреште нешто неочекувано.
Мене Дик ми ја размрда серијата ептенски, можда не го гледав како финален партнер на Макс, ама и мислам дека многу брзо го тргнаа. Сега пак ми е досадна. Не знам за вас ама мене Софи ми станува досадна, едино уште Макс знае да уфрли некоја(ама ретко) и Хан што ми е пресмешен. Дури и Ерл не го даваат толку често, а он во комбинација со Макс ми се кома. Епизодата со Линзи беше низок потег да дигнат гледаност според мене, ама глупав. Се вртат во круг и тапкаат во место, не мрднаа од оваа парична состојба одамна. Никако да им тргне, а мислам дека уште една сезона не би издражала да го гледам ова, само знам дека нема да ја завршат тука. Барем секси мажи нека донесат, ако ништо друго, да се изнагледаме.
Ејјј зошто нема коментари на финалната епизода од трета сезона? Spoiler Макс дипломира За момент помислив дека ќе се појави мајка и, и дека конечно ќе ја видиме но на крај сепак се израдував кога ги видов Софи, Олег, Ерл и Хан Но оваа епизода ни малку не личеше на финале, како обична епизода на почеток од сезона да беше.Ништо ново не се случи( за разлика од минатите две кога ќе ја сретнат Марта Стујард или кога ќе им текне да отворат слаткарница).Во оваа буквално не се ни спомна бинзисот со колачињата Очекував далеку подобро финале од ова и баш сум разочарана некако.
Тапа серијава, мислам дека онака ја гледам само, од навика. Финалето ништо посебно, (под)просечно. Мислам дека не знаат на кај ја тераат, немаат правец некако. И двете почнаа да ме нервираат со тоа смеењето кога не треба.
Иако финалето беше далеку од задоволтелно, сезоната во целост ми се допадна. Ме збуни малку школувањето на Макс затоа што ако не сум грешка во првата сезона збореа со Керолајн за Макс што го напуштила факултетот, а сега на крајов полагаше “матура“ тоа финалните испити што им се на американците.
Новата сезона стартува на 27 октомври. Овојпат спешл гест стар ни помалку ни повеќе . Вриштат негативни коментари насекаде Нешто повеќе, на линков Spoiler http://www.cbs.com/shows/fall-premi...emiere/65284/kim-kardashian-on-2-broke-girls/
Ја гледав новата епизода, ахахаха па и не е толку лоша, само многу повеќе хејт очекував од Макс. А на Керолајн дефинитивно и беше потребна нова фризура, прекрасно и стои. И многу поубава ја прави Ми личи на една мејкап гуру од јутуб. Ана Саконе мислам дека се вика..
Леле колку ужасна епизода. Не знаев дали гледам епизода од серијава или реклама за Кардашијанс. Макс низ серијава ги исмеваше, сега се подмочна кога дојде Ким. Се надевам нема да има вакви епизоди повеќе.
Во епизодава ми се свиѓаше само новата фризура на Керолајн и саркастичните коментари на Макс за Хан. И мене искрено не ми се допадна тоа што Макс прво ги зафркаваше Кардашијанс, а после тоа пак ги засака. Се надевам дека нема да има повеќе вакви епизоди.
Зошто Ким??? Баш беше јако ја исмеваа досега ( особено Макс) и сега и станаа најголеми фанови. Цела епизода беше Кардашијанс, реклама само тоа. На Керолајн фризурата и е супер, тоа ми се допадна во епизодава, "шишањето". Се надевам ќе си продолжат, ко до сега (без Кардашијан).
Се гледа дека немаат креативни идеи и само носат некои есклузивни гости да ја надополнат празнината и да ја покријат монотонијата. Прво Ким Кардашијан, полош избор дури и до Линдзи Лохан, па манекенкана од Викторија сиктерт, серијава си го бара крајот. Секако серијава се вика две шворц девојки, нека ги докусурат до крај и нека си заврши така, си живеаа до крајот на животот сиромашни но среќни. Не знам зашто уште и ја гледам серијава.
Јас само чекам нешто интересно да се случи, а и немам веќе серии за гледање, сите ми ги прекинаа или завршија. Сакам нешто новоо
^ Eте се деси, добија заем од банка во најпоследната епизода, се надевам дека од Јануари ќе ги гледаме на нова локација и со нови мужи. Кажи што преферерираш Дејзи, да ти препорачам некоја интересна серија, во темата Препорачај серија со кратка резенција
Сериите што ги следам многу ги деформираа и имаат млитаво дејствие,па оваа си ја симнав и изгледав за неколку дена и дефинитивно ќе ја прегледувам уште многу пати Имам налетано порано,и другарка ми ја следи редовно,ама цело време мислев дека не е за мене,огромна грешка од моја страна. Макс е гениј,царица,Бог и се по ред Улогата и е толку феноменална што сакам да сум таму и да ја слушам цело време.Сарказам до даска,па треба ли друго? Керолајн мислев ќе ме нервира,бидејќи ме иритираат снобовски прчли,ама навистина ме изненади,баш е кул и смешна,посебно во ситуациите во кои запаѓа. Целиот кастинг им е погоден комплетно,Хан со самата појава,Олег 24/7 попален,Ерл ептен ептен кул а сега и Луис,геј енд грејт Жал ми е што ги тргнаа мажите,Џони ми е непребол,а Енди баш ми беше како Кенди,срцуш невиден И Дик ми е ептен кул,одличен е со Макс,ама не е баш за плакнење очи Се согласувам со погорните мислења дека малку се оттргнуваат од целта,ама во никој случај не ми се досадни,едноставно ги обожавам и ненормално се смеам,не мислам на нелогичности,за опуштање е серијава,ситком Оние гифовите што сте ги ставале сите ќе си ги соберам во фолдер,they're awesome