1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Двоен живот (Babam ve Ailesi)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од InnaR, 27 јуни 2019.

  1. InnaR

    InnaR Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Кенан Ипекчи е деловен човек кој живее со сопругата Сузан, синот Мерт и ќерката Чичек. Навидум идиличен семеен живот. Но, паралелно со овој живот на богат бизнисмен и посветен татко и сопруг во Истанбул, тој има и друг живот. Живот на татко и сопруг на друга фамилија во Адана.
    двоен ќивот.jpg
    Таму живее неговата љубов од младоста, Нулгун со која ги има децата Хасрет и Кадир. Поради сплетки од неговата фамилија, тој морал да се раздели од Нулгун и за да ги заштити неговите деца, ќе мора да води двоен живот и да се грижи и за таа фамилија. Откако лагите ќе излезат на виделина, Кенан ќе стори сѐ за да ја заштити својата непрежалена љубов, но и да ја одржи врската меѓу децата од двете фамилии, кои меѓусебно се мразат.

    Неговата законска жена Сузан е горделива и високообразована која откако ќе открие за постоењето на другото семејство на сопругот, решава работите да ги превземе во свои раце и да го уништи животот на чесната и сиромашна Нулгун и нејзините деца. Семејните тајни ќе ги усложнат животите на двете фамилии, ќе донесат лавина од сплетки и завери, но ќе отворат и стари рани кои е невозможно да се зашијат така брзо и едноставно.


    Серијата се прикажува на Сител телевизија но доколку сакате да ја гледате ви оставам линк


    Улоги се толкувани од:
    Ayça Bingöl како Нулгул
    Bülent Inal како Кенан Ипекчи
    Ceyda Düvenci како Сузан
    Erdem Akakçe како Фадил- братот на Нулгул
    Sercan Badur- Мерт
    Caner Şahin- Кадир
    Sera Kutlubey - Хасрет
     
    Последна измена: 27 јуни 2019
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Zavisnaodblago

    Zavisnaodblago Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2016
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Мене ми е интересна.Поради неговите кои му се мешаат во се животот му е претворен во кошмар.За Кенан ми е жал што е приморан така да го живее животот.И нему не му е лесно,а самиот не е воопшто виновен.
    Кадир можам да го разберам,тој е исфрустриран и се чувствува недоволно сакано од својот татко.Не можам да го осудат за постапките бидејќи детето се наоѓа во шок бидејќи од никаде дознава дека е единствен донор за Мерт.Тој ништо не чувствува кон него и не го сака како брат.Не би легнале под нож за некој кој не го сакаме туку така.
    Нулѓун навистина е за восхит,на толку мака секогаш е позитивна,благодарна и смирена.Глумицата е преубава.
    Оваа Сузан ми беше супер лик,се додека не го уцени докторот да го убие Кадир.Глупачо,син ти го спасува...
    А од каде сиромашна фамилијата на Нулѓун.Просечно семејство малку поскромно.Ако не се милијардери,не значи дека се сиромашни.
    Фадил да го средат малку со она брадата ко бездомник е
     
    На ohlalalala, La.loca и Amelia им се допаѓа ова.
  3. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    1.559
    Што ќе се случува понатаму некој во спојлер? Ќе се простат ли браќата?
     
  4. InnaR

    InnaR Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Да не откривам многу
    наскоро ке се степаат браќата Мерт и Кадир и тие ке завршат во затвор.
    Исто така и Чичек- малата ќерка ке знае дека нејзината мајка Сузан побара да биде убиен на операционата сала Кадир но ке стои на страната на мајка му .
    Во оваа серија искрено секој поставува некаков услов
    Кадир бара ако го даде бубрегот да се разведе татко му со Сузан
    Мерт му вели дека нема да ги види него и Чичек доколку се разведе од Сузан
    Кадир ја уценува мајка му доколку не го исполни ветувањето нема да има повеќе син
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    1.559
    Го знам ова го даваа, нешто друго во спојлер. Браќата ќе се засакаат ли?
     
  6. InnaR

    InnaR Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    иначе да ке се засакаат, тие подоцна ке бидат и киднапирани
    во глобала серијата ке биде негативна со среќен завршеток каде што лошите луѓе (Бабата и Вујкото) ке си го добијат тоа што го заслужиле
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    1.559
    Многу ли има епизоди?
     
  8. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    1.559
    Сега гледам нешто на youtube оваа Еџе со Кадир.
     
  9. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    594
    Пол:
    Машки
    13 оригинал, околу 30 наши
     
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    И мене ми е интересна, чат-пат ја фаќам за тепање досада вака у лето. Ми се свиѓа што е кратка, нема 100г да ја влечат, таман до август ќе е.
     
    На ohlalalala и Amelia им се допаѓа ова.
  11. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    594
    Пол:
    Машки
    Ако продолжат вака по саат и нешто да ја даваат, до крајот на јули и фајронт :D
     
    На ohlalalala и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  12. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    1.559
    Серијата за лето е изгледа наменета.
     
  13. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    1.559
    Зошто овој Тамер сака да му се одмазди на Кемал? Тој и е татко на Еџе.
     
  14. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.647
    Допаѓања:
    5.592
    Пол:
    Женски
    Ја има ли некаде онлине да се гледа на you tube само делчиња има
     
  15. InnaR

    InnaR Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски